Спортски, практичен и елегантен: Пристигна новиот Audi Q5 Sportback

Пристигна новиот SUV на Audi: Q5 Sportback. Ова купе SUV со динамични линии им се обраќа на клиентите кои го ценат не само експресивниот дизајн и техничката иновација, туку и спортскиот карактер и високото ниво на секојдневна употребливост.

Audi Q5 Sportback пристигна во нашите салони и зрачи со моќно присуство како што е типично за моделите Q од Audi. Големи отвори за воздухот стојат на октагоналната единечна предна рамка. Предните светла со нивната карактеристична дневна светлосна сигнализација се одликуваат со LED или опционална Matrix LED технологии. Континуираната, елегантно моќната линија на страниците ги нагласува тркалата, а со нив и quattro погонот на сите тркала. Страничните контури на вратите влеваат стабилност и робустност на новиот SUV. Кровната линија се протега ниско до крајот на возилото и започнува со наклонот многу рано, така што третиот страничен прозорец нагло се намалува кон крајот на задниот дел. Остро закосеното задно стакло и навидум високо поставениот заден браник му даваат динамичен и моќен изглед на Q5 Sportback.

Иновативност: задни светла со дигитална OLED технологија
Audi ги нуди задните светла со иновативна дигитална OLED технологија. Секоја светлосна LED група вклучува три диоди кои емитуваат светлина и зрачат во особено хомогена црвена боја. Секоја LED група е поделена на шест сегменти, кои можат да се контролираат поединечно. Клиентите можат да изберат од три задни светлосни потписи при нарачување на своето возило, од кои секој вклучува динамично сценарио за осветлување во „Coming Home/Leaving Home“ функцијата. Дополнителна спортска графика се прикажува кога е избран режимот „Dynamic“ во системот за избор на режим на возење. Ако друго возило се приближи до Q5 Sportback од задниот дел на помалку од два метра, сите OLED сегменти го зголемуваат осветлувањето, обезбедувајќи лесно забележување. Предуслов за оваа функција е автомобилот да има еден од системите за асистенција - или Adaptive Cruise Control или Active Lane Assist.

Голем избор: бои и материјали
Audi го нуди новиот купе SUV со пакетите за опрема Advanced или S-Line. Разликите лежат во singleframe решетката на предниот дел, страничните отвори за воздухот и особено задниот браник. Постојат 12 бои и различни елементи за додатоци кои можете да ги изберете, како на пр. Black Пакет. Со должина од 4,69м, Q5 Sportback е 7 милиметри подолг од неговиот сестрин модел, Q5. Ја делат истата висина (1,66 м) и ширината (1,89 м), но отпорот на воздух изнесува 0,30 кој е помал во однос на Q5.

Долгото меѓуоскино растојание од 2,82 метри обезбедува доволно простор во внатрешноста. Со своите хоризонтални линии, ентериерот е елегантен и просторен. Внатрешните пакети на опрема „Design“ и „S-Line“ му даваат уште поелегантен или спортски изглед. Тие доаѓаат во широк избор на бои и материјали за тапацир, вклучувајќи врвна квалитетна кожа од Напа. Пакетот на опрема „Design“ вклучува пакет за амбиентално осветлување Plus - неговите ефекти на осветлување суптилно ја истакнуваат типичната завршна обработка на сите елементи од производството на Audi.

Флексибилност и сестраност
Багажниот простор има волумен од 510 l, кој се зголемува до 1480 l со преклопување на задните седишта. Новиот SUV содржи бројни практични квалитети. Понудата започнува со 150 kW (204кс) 2.0 TDI мотор, кој сега може да влече приколка со тежина до 2.4 тони. Кровни шини се опционално достапни, како и Hill Descent Control за дополнителна безбедност. Стандардната спортска суспензија нуди директен контакт со патот, додека достапна е алтернативната суспензија со контрола на дампери или комплетна сестраност, која се добива од адаптивната воздушна суспензија.

Дигитални и интуитивни: контрола и поврзаност
За контролите, дисплеите и инфозабавата, Q5 Sportback ја презема третата генерација на MIB3. Дигиталниот Audi виртуелен кокпит Плус со 12,3-инчен дисплеј и главниот дисплеј се исто така главен дел од инструмент таблата. Мултифункционалниот волан Плус, овозможува безбедно и едноставно ракување со најважните функции и дисплеи.

MMI навигацијата Плус, заедно со инфозабавниот систем е поврзан со 10,1-инчен дисплеј на допир. Неговата гласовна контрола со природен говор го користи знаењето од интернет поврзувањето и може да се активира со изговарање „Еј Audi“. Многу поставки за возилото може да се зачуваат во индивидуални профили на корисници и да се зачуваат на порталот на клиенти myAudi. Хардверски модули се достапни по избор, како што се телефонската кутија Audi или 3D Premium системот за озвучување Bang & Olufsen, кои го надополнуваат системот за инфозабава.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Промо

Македонски Телеком e најпосакуван работодавач меѓу телекомуникациските компании во Македонија

Read more

Златен Даб – еволуција на изглед и вкус

Read more

Пролетно уредување на домот: Топ трендови и совети за оваа сезона

Read more

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Read more
 

Ново

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе
  • play_arrow

По петгодишна пауза се активира Plavi orkestar

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе