Spotify од денес стана достапен и за македонските корисници

  • Најпопуларната светска платформа за семрежен аудио пренос со претплата, сега е достапна за сите корисници во Северна Македонија
  • Стартување на револуционерното музичко откритие со над 50 милиони песни, 4 милијарди плејлисти, 1 милион подкасти и опции за персонализирано пребарување
     

Скопје - 15 јули 2020 година: „Спотифај” (NYSE – (Њујоршка берза): SPOT – Spotify), најпопуларната светска платформа за семрежен аудио пренос со претплата е достапна од 15 јули и во Северна Македонија. Со светска заедница која брои повеќе од 286 милиони слушатели, вклучувајќи и 130 милиони премиум претплатници на глобално ниво, „Спотифај” ќе овозможи најдобро искуство во слушање на локална и меѓународна музика со над 50 милиони песни и 1 милион подкасти во Северна Македонија. Услугата „Спотифај” е бесплатна или со можност за надградба на „Спотифај Премиум”, услуга со претплата која им овозможува на корисниците да уживаат во музиката без да бидат прекинувани од реклами.

Покрај влегувањето во Северна Македонија, денес „Спотифај” стартува и на 12 нови пазари, вклучувајќи ги Молдавија, Казахстан, Белорусија, Русија, Албанија, Босна и Херцеговина, Словенија, Косово, Црна Гора, Србија, Украина и Хрватска.

Корисниците на Северна Македонија може да се надоградат на „Спотифај Премиум” за врвно искуство на „Спотифај”за 4,99 евра месечно. Premium Family е достапна за 7,99 ЕУР за најмногу 6 членови на семејството кои живеат заедно. Новиот „Spotify Premium DUO” (6,49 ЕУР) е услуга за претплата на две лица односно двојки која вклучува „Duo Mix”, автоматски ажурирана плејлиста која комбинира музика што ја уживате вие и вашиот партнер/ка - така што домашните спорови околу тоа кој е домашниот диџеј ќе бидат сведени на минимум. „Spotify Premium for Students” ќе чини 2,49 ЕУР месечно.


„Денешното стартување ја отвора вратата за скоро 250 милиони обожаватели кои ќе може да започнат со откривање на нова музика и подкасти од целиот свет на „Спотифај”, а уметниците во регионот да ја допрат се’ поповрзаната глобална публика и обожаватели“, - вели Федерика Тремолада, Управен директор за Јужна и Источна Европа на „Спотифај”. Таа, исто така додава: „Стартувањето на овие 13 пазари е важен момент во приказната на „Спотифај”, особено затоа што им посакуваме добредојде на обожавателите и уметниците на растечките музички пазари, како Северна Македонија, каде расте семрежниот пренос и каде гледаме значајна можност за „Спотифај” “.

 

Сите омилени опции на „Спотифај”


„Спотифај” пристигнува во Северна Македонија со голем број извонредни опции што ја направија најпопуларна музичка апликација во светот, вклучувајќи повеќе од 50 милиони песни, 1 милион подкасти и над 4 милијарди плејлисти кои нудат најпопуларна музика од Северна Македонија како и меѓународна музика, најдобра-во-категорија  персонализирани музички препораки, секојдневно ново музичко откритие и слобода за слушање низ широк спектар на уреди и интеграција на апликации со „Инстаграм”, „Фејсбук”, „Самсунг”, „Андроид ТВ”, „Гугл Мапс” и многу други.


Прилагодено за Северна Македонија


„Спотифај” го редизајнираше музичкото искуство за Северна Македонија со нов сет на ексклузивни опции:

  • Спотифај Бесплатно за сите: За да се изгради искуство кое додава вредност на богатата музичка индустрија од Северна Македонија и да го засили музичкото искуство, апликацијата „Спотифај”е достапна бесплатно за сите корисници во Северна Македонија.
  • Локализирани музички препораки и опции за пребарување: Опслужувачот за музичка препорака на „Спотифај” сега може да се прилагоди за Северна Македонија, така што локалните корисници ќе може да уживаат персонализирани опции за пребарување, вклучително и „Daily Mix” (до шест индивидуални плејлисти, кои ги комбинираат вашите омилени песни со нови песни што ние сметаме дека би ви се допаднале), „Release Radar” (персонализирана плејлиста со нова музика заснована врз артистите што ги следите и најмногу ги слушате, ажурирани секој петок) и „Discover Weekly” (плејлиста заснована врз вашите уникатни навики на слушање).
  • Подкасти: На „Спотифај”, луѓето можат да вршат семрежен пренос или да преземаат подкаст епизоди на Android и iOS, десктоп, преку конзоли за игри, автомобили, телевизори, смарт звучници и на било кој друг уред на кој се вклучуваат.
  • Spotify for Artists: Платформата нуди алатки кои им помагаат на артисти, менаџери и дискографски куќи да ги следат во реално време статистиките за нови изданија, да ја разберат нивната публика, да се поврзат подлабоко со обожавателите и да ги водат своите бизниси.
  • Spotify for Podcasters: Затоа што луѓето се најавуваат и слушаат секој ден, „Спотифај”дава сеопфатна слика за тоа кои се слушателите, кои епизоди најмногу ги стримуваат, па дури и музиката што ја сакаат - увиди што ќе им помогнат на авторите да ги испланираат идните епизоди или да најдат спонзори.
  • Активирање на музички опции на „Инстаграм”: Сега, „Инстаграм” корисниците во Северна Македонија ќе можат да ја активираат долгоочекуваната опција за музичко - стори на „Инстаграм”, што овозможува да се споделат артисти на песни, албуми и плејлисти во нивните „Инстаграм – сторис”.

 

Стартувањето на „Спотифај” во Северна Македонија, заедно со влегувањето на 12 дополнителни пазари, ја носи платформата на вкупно 92 „Спотифај” пазари.

За да уживате во музиката на ваш начин, преземете ја апликацијата „Спотифај” денес преку App Store за Android  или iOS или преку веб-страната www.spotify.com/mk.

 

За „Спотифај”


Кога стартувавме во 2008 година, „Спотифај” засекогаш го трансформираше слушањето музика. Нашата мисија е да го извадиме на површина потенцијалот на човековата креативност со тоа што ќе им дадеме можност на милиони креативни уметници да живеат од својата уметност и можност на милијарди обожаватели да уживаат и да бидат инспирирани од овие креативци. Сè што правиме е водено од нашата љубов кон музиката и подкастите.


Откријте, управувајте и споделувајте над 50 милиони песни, вклучително и повеќе од 1 милион подкасти, бесплатно или надградете се на „Спотифај Премиум” за пристап до ексклузивни музички опции, вклучувајќи подобрување на квалитетот на звукот и on-demand опцијата, офлајн и слушање музика ослободено од реклами.

Денес, ние сме најпопуларната светска платформа за семрежен аудио пренос со претплата, со заедница која брои повеќе од 286 милиони корисници, вклучувајќи 130 милиони „Спотифај Премиум” претплатници, на 92 пазари.


За повеќе информации, фотографии или контакт со медиа тимот, упатете се на нашата официјална страница https://newsroom.spotify.com/

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Вести

Поради бројни повреди Јапонија официјално го затвори некогаш најбрзиот ролеркостер во светот

Read more

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Read more

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Read more

Заврши историската приватна мисија на Intuitive Machines, лендерот заспа засекогаш

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Поради бројни повреди Јапонија официјално го затвори некогаш најбрзиот ролеркостер во светот

Читај повеќе

Астронаутите ќе однесат растенија на Месечината во 2026 година

Читај повеќе

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Читај повеќе

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Читај повеќе

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Читај повеќе

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Читај повеќе

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Читај повеќе
  • filter

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Читај повеќе