Spotify поради Адел ја укина опцијата shuffle за албуми

Пејачката Адел го убеди Spotify да ја отстрани опцијата shuffle од сите албуми за да може песните да се слушаат по редоследот што го замислил авторот на албумот, пишува BBC.

„Не ги создаваме албумите со толкаво внимание и не размислуваме за редоследот на песните без причина. Нашата уметност раскажува приказна што треба да се слуша како што е замислено. Ви благодариме Spotify што послушавте“, напиша Адел на Twitter.

Од стриминг платформата одговорија: „Сè за тебе“ и ја отстранија можноста слушателите да го менуваат редоследот на слушање на песните од албумот кога ќе се обидат да почнат да го слушаат од самата страница на албумот.

URL

Сепак, симболот за shuffle - две вкрстени стрелки - сè уште се појавува на одделни страници на поединечни песни на албумите.

Ова значи дека сè уште може да започнете да слушате албум од која било песна и да изберете песни за репродукција по случаен редослед, но сепак е малку покомплицирано од претходно.

Копчето Shuffle уште се појавува и на плејлистите.

Албумот „30“ - нејзиниот прв албум по осум години - е достапен на Spotify од петокот. Ова е промена од нејзиниот последен албум „25“ кој може да се купи физички или да се симне од официјалниот сајт откако беше официјално објавен во ноември 2015 година. Стана најбрзо продаваниот албум во британската историја, симнат повеќе од 800.000 пати во првата недела.

На стриминг платформите како Spotify, Apple Music и Tidal, тој албум се појави дури во јуни 2016 година.

Тагови
реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Музика

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Read more

Бијонсе разголена за новиот албум

Read more

Како Фахрета Јахиќ стана Лепа Брена?

Read more

Северина: Секоја средба со Македонија остава длабока трага во моето срце

Read more
 

Сцена

Шестиот дел од култниот Pirates of the Caribbean ќе се снима без Џони Деп

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тизер за серијата The Penguin – Колин Фарел каков што не сме го виделе досега

Читај повеќе
  • play_arrow

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Читај повеќе
  • play_arrow

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Читај повеќе
  • play_arrow

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Читај повеќе

Ен Хатавеј смета дека освојувањето Оскар негативно ѝ влијаело на кариерата

Читај повеќе

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Почина Мирко Попов

Читај повеќе