Спречен терористички напад на божикен панаѓур во Германија

Макфакс
/ 06.12.2024 / 13:53

Германската полиција спречи потенцијален терористички напад на божикен саем во Баварија, откако добила дојава од странска разузнавачка агенција за активностите на осомничениот маж на интернет.

Според германски Die Welt, осомничениот, 37-годишен маж од Ирак, бил уапсен во средата вечерта во сместување за баратели на азил во градот Аугсбург. Портпаролот на баварската полиција денеска го потврди апсењето, пренесува Politiko.

Die Welt додава, повикувајќи се на неименувани извори, дека осомничениот споделувал објави на социјалните мрежи во кои ја велича таканаречената Исламска Држава и го фотографирал божикниот саем во Аугсбург.

Тој наводно рекол дека сакал да се вози низ божикниот базар, се вели во извештајот.

Германските власти биле информирани од странска разузнавачка агенција за активностите на осомничениот на интернет. По апсењето тој е задржан во притвор каде го чека депортација.

Во 2016 година беше извршен терористички напад на божикниот пазар во Берлин, кога човек кој се заколна на верност на Исламската Држава влета со камион во толпата и уби 13 луѓе, потсетуваат медиумите.

Во 2018 година, екстремисти поврзани со Исламската Држава извршија напад на божикниот базар во Стразбур, Франција, кога беа убиени 5 лица.

реклама

Европска земја во која жените бараат маж „под дрво и камен“

Read more

Словенија пред референдум за напуштање на НАТО

Read more

Плескавици од јајца: Најлесен начин да ги претворите велигденските остатоци во ново јадење

Read more

Вучиќ го нападна Маѓар

Read more

Свет

Европа подготвува воена мисија во Ормутскиот Теснец без Америка, Израел и Иран

Read more

Ситуација во Ормутскиот Теснец потсети на Кубанската ракетна криза

Read more

Франција со закон ќе забрани да се споредува Израел со нацистите

Read more

Трамп: Новиот премиер на Унгарија е добар човек

Read more
 

Вести

Мицкоски очекува цените на горивата уште да паѓаат

Читај повеќе
  • play_arrow

Вучиќ го нападна Маѓар

Читај повеќе

Европа подготвува воена мисија во Ормутскиот Теснец без Америка, Израел и Иран

Читај повеќе

Ситуација во Ормутскиот Теснец потсети на Кубанската ракетна криза

Читај повеќе

Словенија пред референдум за напуштање на НАТО

Читај повеќе

Франција со закон ќе забрани да се споредува Израел со нацистите

Читај повеќе

Трамп: Новиот премиер на Унгарија е добар човек

Читај повеќе

Претежно облачно време со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе

Дел од Центар денеска без вода, дел од Кучково без струја

Читај повеќе