Спречен транспорт на дрога вредна 100.000 евра, претреси во Арачиново, приведени двајца дилери

Приведени се две лица од скопско Арачиново, во чие возило полициски службеници откриле 35 килограми марихуана, во вредност од 100.000 евра.

– Утринава од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога и опасни материи - Единица за недозволена трговија со дрога во содејство со Одделот за специјални полициски операции - САЕ Тигар, Оперативен тим Потраги при СВР Скопје и СВР Тетово се лишени од слобода две лица од с. Арачиново, Скопско, при што е спречен транспорт на околу 35 килограми дрога, информираат од МВР.

Имено, во утринските часови на наплатна станица Тетово, на автопатот Гостивар-Тетово, полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило „Ренџ Ровер“, со скопски регистарски ознаки, управувано К.А. (32), во кое сопатник бил О.А. (23), двајцата од с. Арачиново, Скопско. Лицата не ја почитувале дадената полициска наредба да го сопрат возилото, туку се дале во бегство, притоа оштетувајќи службено полициско возило, но набргу се запрени и лишени од слобода.

– При извршен преглед во багажниот простор на возилото пронајдени се 4 вреќи со марихуана, со вкупна тежина од околу 35 килограми, со вредност од околу 100.000 евра. На самото место на наплатната станица Тетово излезе и Јавен обвинител од тетовското ОЈО кој го раководеше увидот. Малку подоцна, по добиена судска наредба, извршени се претреси и во домовите на двете лица во с. Арачиново, при што се пронајдени предмети поврзани со кривичното дело, известуваат од МВР.

Оттаму посочуваат дека против А.К., МВР подолг временски период презема мерки и активности за негово пронаоѓање и лишување од слобода, бидејќи за него е распишана централна потерница поради бегство од штипскиот затвор, каде има за доиздржување затворска казна од околу 6,5 години, а се барал и по расписи за извршени повеќе кривични дела, како шверцување на мигранти и шверц со дрога.

Двете лица се приведени во СВР Тетово и против нив во текот на денот ќе биде поднесена кривична пријава за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, по член 215 од Кривичниот законик.

– Денешната акција е уште една од низата акции на МВР во последниов период преземени во борбата против недозволената трговија со дрога и наркотични средства, но и бројните мерки и активности за пресметка со сите видови криминал, нагласуваат од полицијата.

Remote video URL
реклама

Два знака од Зодијакот цел јуни ќе имаат поволен финансиски период

Read more

Скандалозно исфрлен фоторепортер од Ролан Гарос

Read more

За една ноќ во Скопје 13 уапсени поради поседување дрога, меѓу нив и малолетник

Read more

Како се снимаше Lord of the Rings

Read more

Хроника

За една ноќ во Скопје 13 уапсени поради поседување дрога, меѓу нив и малолетник

Read more

Трагична несреќа кај Штип со три загинати лица

Read more

Прегазена 70-годишна жена на улица во Гостивар

Read more

Еден загинат, повеќе повредени во тешка сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево

Read more
 

Вести

Патот од Љубаниште кон Охрид делумно прооден, сообраќајот се одвива наизменично

Читај повеќе
  • filter

Големи немири во Источна Германија: Се судрија левичарите и полицијата

Читај повеќе

Сигна инспекцискиот наод: Момчето-убиец не било малтретирано од соучениците

Читај повеќе

Претпладне сончево, попладне нестабилно со пороен дожд

Читај повеќе

За една ноќ во Скопје 13 уапсени поради поседување дрога, меѓу нив и малолетник

Читај повеќе

ДУИ: И по 5 години Мицкоски не успева да излезе од сенката на Груевски

Читај повеќе

Во заедничка акција на македонската и грчката полиција запленет 161 кг кокаин во Солун

Читај повеќе

Концерт на пијанистките Мимоза Ќека и Јована Трајчева во Филхармонија

Читај повеќе

Зеленски: Подготвени сме за контраофанзива

Читај повеќе