Србија донираше 100.620 вакцини Pfizer на Чешка

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, денеска на белградскиот аеродром испрати авион со 100.620 дози вакцини Фајзер како подарок за Чешка или помош во борбата против епидемијата со COVID-19, јави дописникот на МИА од Белград.

Владата на Србија на седница на 20 мај донесе одлука на Чешка да ѝ се подарат 100.000 вакцини Pfizer/BioNTech во знак на солидарност со граѓаните на таа земја во борбата против епидемијата со COVID-19.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за време на официјална посета на Чешка на 19 мај, понуди донација на премиерот на таа земја, Андреј Бабиш.

Бабиш тогаш на Twitter напиша дека претседателот Вучиќ му понудил „неверојатен подарок“ кој, како што истакна, ќе овозможи забрзување на вакцинацијата во таа земја.

– Со најдобри желби и Чешка да го победи коронавирусот што е можно побргу и сите заедно во Европа да продолжиме со нормален живот, економија, меѓусебни посети и патувања, порача денеска Брнабиќ на белградскиот аеродром..

Таа истакна дека во човечка смисла, најважно е кога може да им се помогнете на пријателите и партнерите.

На новинарско прашање за вакцинацијата во Србија, Брнабиќ кажа дека досега се вакцинирани 2.533.844 граѓани, поточно околу 47% од вкупната полнолетна популација.

– Две дози вакцина примиле 2.055.471, поточно 38% од вкупното население, изјави Брнабиќ.

Таа додаде дека, според искуството на Израел, за да се релаксираат мерките ќе треба да се вакцинираат вкупно 56% од граѓаните.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе