Србија, Унгарија и Австрија со заедничка полиција кон С. Македонија ќе ја штитат Европа од мигранти

Српскиот претседател Александар Вучиќ, унгарскиот премиер Виктор Орбан и австрискиот канцелар Карл Нехамер денеска во Белград потпишаа Меморандум за разбирање меѓу трите земји за зајакнување на трилатералната соработка на полето на ефикасна борба против илегалната миграција, со кој преку усогласување на визната политика на Србија со Тунис, Бурунди и други земји и со заедничи полициски сили кон Северна Македонија ќе ја штитат Европа од миграцијата, јави дописникот на МИА од Белград.

Српскиот претседател Александар Вучиќ на прес конференција изјави дека Србија имала значаен раст на илегални мигранти во 2022 година од 191%, кои најмногу доаѓаат од Северна Македонија - 51% и од Бугарија 32-33%.

– Она што ние се договривме денеска е заеднички, со подршка на Унгарија и Австрија, да ангажираме поголем број на полициски сили на границата кон Северна Македонија, да вклучиме и значајна опрема, автомобили со термовизиски камери, и да се обидеме таа одбранбена линија да ја придвижиме на југ, со што уште пред крајот на годината ќе тргнеме со реализација, изјави Вучиќ.

Тој додаде дека Србија подоцна ќе се обиде заедно со Северна Македонија таа одбранбена граница да ја придвижи исто така на југ, ако тоа се покаже успешно, со што севкупно ќе се штити Европа, но и Србија, бидејќи не сака да биде „паркинг за мигранти“.

Што се однесува до регистрирани мигранти, Вучик посочи дека најголем број лица во Србија пристигнуваат од Авганистан 40%, од Сирија 27%, Мароко 12,5%, Бурунди 7% и 2% од Пакистан.

– Постигнавме важен договор и во врска со реадмисијата, односно протерување на оние кои немаат шанса да добијат азил. Ќе мора да обезбедиме авиони за враќање на мигрантите, а тоа е многу скапо. Ќе ги поделиме трошоците со Унгарија и Австрија, и се договоривме дека тоа да биде фер однос, нагласи Вучиќ.

Австрискиот канцелар Карл Нехамер изјави дека тоа што го прават овие три земји е силен сигнал за Брисел.

– Силен сигнал е тоа што две земји-членки на ЕУ, Унгарија и Австрија, заедно со Србија, навистина силен и посакуван партнер, одовде испраќаат сигнал до Брисел, нагласи Нехамер и посочи дека Австрија е страстен борец за влез на земјите-членки на Западен Балкан во ЕУ.

– И партнерите како Србија не само да добиваат перспектива, туку и да постигнуваат конкретен напредок, бидејќи има големи предизвици во борбата против илегалната миграција, тероризмот и организираниот криминал, како и кога станува збор за снабдувањето со енергија. Работите најдобро функционираат кога заедно се справуваме со нив, изјави Нехамер.

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, изјави дека ако од таа земја се гледа безбедноста на Европа, кога станува збор за миграцијата, тоа зависи од Србија бидејќи, ако ги брани своите граници, ќе ја брани и Унгарија и остатокот од континентот.

– До влегувањето на Србија во ЕУ ќе мора да ја спуштиме одбранбената граница што е можно подалеку на југ. Унгарија ќе обезбеди луѓе и опрема, рече Орбан, нагласувајќи дека од 2015 година Унгарија потрошила 1,6 милијарди евра за заштита на границите, а од Брисел добила 1,2% од таа сума.

Кога станува збор за миграцијата во Унгарија, Орбан кажа дека оваа година спречиле 250.000 илегални премини во нивната земја и додаде дека „подолго време води војна против илегалната миграција“ и дека слушнал секакви работи како тоа треба да се работи, но дека верува во само еден метод заснован на искуство.

– А тоа е да кажеме дека миграцијата не треба да се менаџира, треба да се спречи. Илегалните мигранти нема да влезат само ако знаат дека нема да можат да ја поминат границата, ако се убедени дека можат, ќе ја преминат. Треба да им дадеме до знаење дека нема премин преку нашата граница, нема менаџмент со миграцијата, нема усмерување на миграција, тоа треба да се запре, а илегалното преминување е кривично дело против кое мора да се постапи, рече унгарскиот премиер.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Читај повеќе
  • play_arrow

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Читај повеќе

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Читај повеќе

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Читај повеќе

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе