Србите го извлекоа првиот нацистички брод од дното на Дунав

Макфакс/Кајгана
/ 08.08.2024 / 15:47

Првиот брод од потопената германска речна флота од Втората светска војна е извлечен од дното на Дунав кај Прахово, објави српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ, и најави дека овие операции ќе продолжат и во наредните месеци.

Весиќ рече дека германските сили ги потопиле нивните речни флоти на Дунав и Црното Море во 1944 година со цел да го отежнат навлегувањето на Црвената армија во Дунав. Тој најави дека од Дунав ќе бидат извадени вкупно стотина нацистички бродови.

„Секој брод што е изваден се подложува на детална проверка со демонтирање на експлозивните направи што останале во нив. Фотографиите од првиот брод покажуваат колку експлозивни направи останале на бродовите. Сето ова било во Дунав 8 децении“, изјави Весиќ на Instagram.

Тој додаде дека Црвената армија отстранила дел од бродовите со цел да го ослободи водениот пат на крајот на 1944 година, а потоа во дел биле отстранети и во пролетта 1945 година. „Оттогаш, речиси осум децении, ништо не е направено во однос на извлекувањето на германската нацистичка речна флота“, истакна Весиќ.

Кога ќе заврши процесот, јавноста ќе може да види дел од потонатата флота, која 80 години ја отежнува пловидбата во тој дел на Дунав.

реклама

3 цвеќиња со кои ќе ја разубавите градината и во есен

Read more

Кромидот останува свеж еден месец подолго ако се чува на правилно место

Read more

Џеј Ло ја отстрани тетоважата посветена на Бен Афлек

Read more

6 опасни астероиди итаат кон Земјата, првиот доаѓа на 5 октомври

Read more

Регион

Падна првиот снег на Балканот: Студениот бран над Европа се движи кон исток

Read more

Сијарто изненади: Додик е регионален лидер на стабилноста

Read more

Косово окупираше згради на српски институции на север, уапсени неколку лица

Read more

Сведочеше дадилката на момчето-убиец од Белград

Read more
 

Вести

Претреси поради даночно затајување и перење пари во повеќе градови

Читај повеќе

Падна првиот снег на Балканот: Студениот бран над Европа се движи кон исток

Читај повеќе

По дебатата, Харис значително ја зголеми предноста пред Трамп

Читај повеќе

Измамена скопјанка за сума од 10.000 евра

Читај повеќе

Уставниот суд поведе постапка за Правило на АРМ со кое се забранува вршење на верски обреди

Читај повеќе

Доларот зајакна, цената на нафтата порасна

Читај повеќе

Путин почна голема контраофанзива во Курск

Читај повеќе

Откриен канабис во Тетовско, поведена истрага

Читај повеќе
  • play_arrow

Татко од Охајо до Трамп: Престанете да ја користите смртта на син ми за политички цели

Читај повеќе