Србите од 1 јули ќе може да одат во кино

Под слоганот „Враќање во кино“ од 1 јули во Србија повторно ќе заживее гледањето филмови на големо платно.

Киносалите во Србија ќе отворат по повеќе од три месеци пауза поради кризата предизвикана од коронавирусот.

Од 1 до 15 јули граѓаните на Србија ќе може да гледаат филмови што се дел од акцијата за враќање во киносалите што е поддржана од Филмскиот центар на Србија и српската Стопанска комора.

Во духот на солидарноста и со желба да се врати овој тип на социјален живот во земјата, цената на влезниците во сите кина низ Србија ќе биде симболични 200 динари.

Репертоарот во сите кина ќе биде ист, составен од 20-тина филмови од оваа и минатата година кои се издвоиле со гледаност и квалитет, како „Joker“ и „Once Upon a Time in Hollywood“, како и филмови чии прикажувања беа прекинати со доаѓањето на пандемијата.

По завршувањето на акцијата, од 15 јули на репертоарите на српските кина ќе се најдат и првите премиери.

Во Србија заклучно со последните бројки се регистрирани 11.667 случаи на COVID-19, од кои 6.931 се оздравени, а 247 починаа.

Во изминатите 24 часа беа регистрирани 96 нови случаи и првиот смртен случај по два дена без починати пациенти од коронавирусот.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Филм & ТВ

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Read more

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Read more

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more
 

Сцена

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Читај повеќе

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Читај повеќе

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Читај повеќе

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе