Средно Водно преку вело патека поврзано со центарот на Скопје

Скопје, 24 октомври 2021 (МИА) – Љубителите на велосипедизмост денеска првпат ја пробаа новата вело шумска патека која се движи низ Средно Водно. Според градоначалникот Петре Шилегов, со оваа патека Средно Водно е поврзано со велосипед со центарот на градот.

– Оние коишто ја пробале кажуваат дека нуди 20-минутно адреналиско искуство. Оваа патека значи дека функционално го комплетиравме проектот Вело Водно со што нашата омилена скопска планина Водно станува функционална рекреативна и туристичка зона, рече Шилегов.

– Овие две патеки, придружната инфраструктура Скопје де факто го ставаат Водно на туристичката мапа и станува туристичка атракција. Оваа патека, надолната, е црешата на шлагот на сите напори за отворање на планината кон Скопје и кон скопјани, додаде Шилегов.

Тој воедно нагласи дека во изминатите четири години вовеле бесплатни автобуски линии, ред во паркирањето, поставени се нови детски содржини, набавена е нова противпожарна опрема и возила токму само за Водно, наменска, организирана е спасителска служба на Град Скопје и Црвениот крст.

– Двете патеки за велосипедизам на Водно дојдоа на барање токму на вас велосипедистите, меѓутоа и планинарите бидејќи порано често доаѓавме во конфликт по стазите кога се движевме, така што сега овие патеки де факто немаат никаков контакт со планинарите коишто се движат во нашиот град, истакна Шилегов.

– Патеката, прецизираше,  е долга 3,5 километри, широка околу 3 метри, косините се лесно совладливи што значи не мора да сте и екстремно припремен за да може да влезете во совладување на оваа патека.

Кога ја правеме оваа патека не исековме ниту едно дрво, напротив расчистувавме само ниска вегетација, посочи Шилегов. Патеката, како што истакна Шилегов, е резултат на она што пред четири години го започнаа, а тоа беше дека сите пари коишто ќе ги земат од паркирањето на возилата овде на Водно де факто ќе ги вложуваат во Водно.  Сите средства коишто ги набавивме од паркингот ги вложивме во изминатите две години во овие две велосипедски патеки, изјави Шилегов.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Read more

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе