Среќен роденден, Комити!

Навивачката група Комити денеска одбележува 33 години од постоењето.

Не дека пред 1987 немаше организирано навивање на Градски, имаше и тоа доста време предходно, и почетоците се на источната трибина, но под разни имиња и под црвено црните знамиња и боите на Вардар. Но првпат знаме Комити е истакнато на Западната трибина, и како датум кој е општо прифатен како ден на наше основање е токму денес 4 јуни 1987, напишаа Комити на својот официјален Facebook профил.

„Формирани под разни околности, во друг систем, друго време, друга држава...Покрај црвено-црните бои и Вардар како најголем спортски бренд, репрезент на Македонија во рамките на силната Југословенска лига, поривот за заедничко здружување и особено изборот на името – КОМИТИ, кажува многу, кажува која е доминантната сила, дека зад него стои македонскиот народ кој во тоа време како и другите народи на бившата држава доживува национално будење. Вардар е клуб за кој навиваат сите Македонци, од цела Југославија, но и од дијаспората. Преку настапите и победите на Вардар, се будеше и сѐ уште се одржува македонскиот идентитет, а кое име може да го обедини тоа национално ткиво повеќе од името Комити? Тоа е утврдено и препознаено уште пред 33 години!

Многу генерации поминаа на Западната трибина. Во свое време и под разни околности некои биле поистакнати од другите, затоа што имаше други навики, подобри или полоши економски прилики, различен менталитет, подобро првенство и реално една од најдобрите навивачки сцени во Европа и пошироко. Но Комити опстанаа и опстојуваат и кога се распадна таа силна лига, и од дуели со освојувачи на Европски трофеи (Европски Шампиони, Финалисти на КЕШ, КПК, УЕФА, Куп на Саемски градови...) до дуели со екипи чии имиња првпат ги слушнавме“, велат од Комити и додаваат:  

Опстоивме и поминавме многу нешта. Постоиме затоа што секогаш бевме и сѐ уште сме:

Верни на идеалите, Вардар и другарите!

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Останати спортови

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more

Падна светскиот рекорд во маратон

Read more

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more
 

Спорт

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе