Среќен роденден, Мадона
Познатата пејачка Мадона денеска го слави шеесет и третиот роденден. Родена е на 16 август 1958 година во Мичиген, САД.
Родена како Мадона Луиза Чиконе, уште од најмала возраст покажувала интерес за музика, уверена дека ќе биде танчарка.
Дури кога влегла во светот на забавата, сфатила дека повеќе преферира глума и музика. Денес е една од најпопуларните поп пејачки на сите времиња. За нејзината улога на Евита Перон доби Златен Глобус, но музиката е нејзината најголема страст.
Мадона е синоним на женската револуција во светот на музиката.