Среќен роденден, Марго Роби
Славната австралиска актерка Марго Роби денеска полни 30 години. Во 2017 година магазинот Time ја прогласи за една од стоте највлијателни луѓе во светот, а во 2019 година таа беше рангирана како една од најдобро платените актерки во филмската индустрија.
Позната е по улогите во филмови како „The Wolf of Wall Street“, „Focus“, „Harley Quinn“, „I, Tonya“, „Mary Queen of Scots“, „Once Upon a Time in Hollywood“ и други.