Среќен роденден, Меган Фокс!
На денешен ден, 16 мај, во 1986 година, е родена американската актерка и модел Меган Фокс.
Меган ја започна актерската кариера во 2001 година со неколку помали телевизиски и филмски улоги, и имаше редовна улога во ТВ-серијата „Hope & Faith“. Во 2004 дебитираше со улога во филмот „Confessions of a Teenage Drama Queen“. Во 2007 се појави во мегапопуларниот филм „Transformers“, со што се проби во светот на славните. Фокс повторно имаше улога во продолжението на филмот, „Revenge of the Fallen“, во 2009 г. Подоцна истата година ја играше главната улога во филмот „Jennifer's Body“.
Фокс исто така се смета за еден од модерните женски секс-симболи, и ги има красено насловните страници на бројни списанија, меѓу кои Maxim и Rolling Stone.