Среќен роденден, Никола Тесла

На денешен ден, 10 јули 1856 година е роден Никола Тесла, еден од најголемите умови на 20 век.

Заслужен е за 700 патенти од кои повеќе од 300 се заштитени во 27 земји на пет континенти. Умрел како сиромашен човек, но беше еден од најуспешните луѓе кои воопшто некогаш живееле. Се дружел со писателот Марк Твен и актерката Сара Бернар. За неговиот живот се снимени неколку филмови, а во еден од нив ликот на Тесла го толкува легендарниот Дејвид Боуви.

Пронајдоците на Тесла целосно го променија светот, без некои од нив денешната технолошка цивилизација не би постоела, особено не без пренос на електрична енергија.

По завршување на студиите по електротехника во Грац и кратко стажирање во Будимпешта и во Париз, Тесла се преселил во САД и станал американски државјанин во 1884 година. Во САД ги остварил најголемите научни потфати.

По неговата смрт за единствен наследник е прогласен неговиот внук Сава Косановиќ. Според желбата на Тесла, целата документација и личните предмети се пренесени во Белград, во 1951 година. Во музејот на Тесла има над 160.000 оригинални документи, повеќе од 2.000 книги и списанија, над 1.200 историско-технички експонати. Денешниот датум, 10 јули се обележува во Србија како Ден на науката.

Градот Филаделфија во Пенсилванија неговиот роденден го прогласи за официјален празник.

Според книгата „The Life and Times of Nikola Tesla – Biography of a Genius“, Тесла се откажал од јадење месо, а во еден период престанал да јаде цврста храна. Пиел топло млеко и напивки од артичок и целер, и јадел мед. Тврдел дека никогаш не спиел повеќе од 2 часа.

Според книгата „Prodigal Genius: The Life of Nikola Tesla“, еднаш работел 84 часа без спиење.

Тесла никогаш не се оженил. За одлуката животот да го мине како ерген говорел во интервју за Galveston Daily News во 1924 година.

„Отсекогаш сум мислел дека жената ги поседува оние деликатни квалитети на умот и на душата кои во тој поглед ја прават супериорна во однос на мажот. Ја поставував на возвишен пиедестал, фигуративно кажано, и по некои несомнено важни својства ја сметав за значително повисока од мажот. Ги обожавав стапалата на суштеството кое го воздигнав на таа висина и како секој вистински обожавател, се чувствував недостоен за неа. Сега нежната жена со благ глас каква што ја обожавав практично исчезна. На нејзино место дојде жена која мисли дека нејзин главен успех во животот е што повеќе да се изедначи со мажот - со облеката, со гласот, постапките, во спортовите, во сите достигнувања“, изјавил Тесла.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Живот

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more
 

Магазин

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Читај повеќе

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе