Славниот српски тенисер Новак Ѓоковиќ денека полни 33 години. Првата титула во кариерата Ѓоковиќ ја освои на 19-годишна возраст.
Роден е на 22 мај 1987 година во Белград, Србија. Ѓоковиќ има освоено осум триумфи во Австралија, 5 на Вимблдон, 3 во Њујорк и еден на Ролан Гарос.
Тој исто така беше шампион со Србија во Дејвис Купот и АТП Купот, а индивидуално уште има 34 „Мастерс“ титули и е единствениот што победил на секој турнир во најсилната серија на Тениската асоцијација за мажи (АТП). Тој петпати го има освоено финалето на АТП и има вкупно 79 пехари во кариерата.
Србинот 282 недели беше на врвот на светската ранг-листа. Тој има позитивен биланс во неговите натпревари со двајцата најголеми ривали – Рафаел Надал (29:26) и Роџер Федерер (27:23).