Среќен роденден, Тимур Дибиров!
На денешен ден, 30 јули, во 1983 година во Петрозаводск е роден Тимур Магомедович Дибиров. Тимур игра за руската ракометна репрезентација, а од 2013 година е еден од хероите на македонската ракометна гордост - Вардар.
Тимур го носи дресот брј 31 во Вардар, каде игра на позиција лево крило.
Среќно е оженет со поранешната репрезентативка на Русија Ирина Полторатскаја Дибирова, со која заедно живеат во Скопје и имаат две деца - синот Мурад и ќерката Тиана.
Во „Интервју 20 на 1“ објавено на официјалниот сајт на Вардар, Тимур на прашањето „Што е уште поважно, вистината или среќата?“ одговори:
„Има многу работи што се важни во животот, и кои се надополнуваат меѓу себе, но секако вистината е најважната“.
Среќен роденден, мајсторе!
Фотографиите се преземени од Facebook профилот на Дибиров.