Српскиот патријарх Иринеј погребан во криптата на храмот Свети Сава во Белград

Белград, 23 номеври 2020 (МИА) – Во криптата на храмот Свети Сава во Белград, денеска беше погребан поглаварот на Српската православна црква, патријархот Иринеј, јави дописникот на МИА од Белград.

Погребната литургија и опело служеше митрополитот Дабро-Босански Хризостом, со учество на владиците и свештенството на Српската православна црква и гости од други православни цркви, меѓу кои беше и вториот човек на Руската православна црква, митрополитот Иларион.

На погребот беше целиот државен врв на чело со претседателот Александар Вучиќ, членот на претседателството на БиХ Милорад Додик, мандатарот на црногорската влада Здравко Кривокапиќ.

-Овој храм тој практично го изгради. Ја обнови културата на сеќавање. Тој не прифаќаше поделба на луѓето и нациите, иако ја признаваше секоја држава кроена на моделите на АВНОЈ. Тој веруваше во растечката сила на српската држава и помалку наивно, во силата да го убеди светот за страдањата на нашиот народ на Косово, изјави во говорот пое опелото претседателот Александар Вучиќ.

Пред храмот беа присутни голем број верници кои преку двата видео бима ја следеа Светата литургија и погребот, бидејќи престојот во Храмот беше ограничен поради епидемиолошката состојба.

Патријарот Иринеј, кој беше педесет и шести поглавар на Српската православна црква, е првиот патријарх кој е погребан во Храмот Свети Сава, чија изградба и поставувањето на мозаикот беше една од главните карактеристики на неговото раководење со српската црква.

Оваа година СПЦ беше речиси целосно обележана со коронавирусот. Иринеј умре од компликации со коронавирусот, а во болница заврши четири дена по служењето литургија на погребот во Црна Гора на митрополитот Амфилохије, кој исто почина од последици од Ковид. Денеска почина расчинетиот епископ Артемије, претходно почина ваљевскиот епископ Милутин, а заразени се и повеќе епископи.

До изборот на новиот поглавар на Српската црква, должностите ќе ги извршува Синодот, со кој ќе раководи најстариот член. Изборот на патријарх се врши најдоцна во рок од три месеци од денот кога престолот на патријархот е испразнет, „на апостолски начин“, со жрепка, помеѓу тројцата кандидати со најмногу гласови.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Читај повеќе

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Читај повеќе

Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови

Читај повеќе

Ванковска: Мојата цел беше не да победам, туку да вознемирам една застојана елита

Читај повеќе

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Читај повеќе