Српскиот пратеник кој гледаше порно во собрание поднесе оставка

Пратеникот поднесе оставка откако на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како гледа видео со експлицитна содржина.

Пратеникот од редовите на социјалистите Звонимир Стевиќ поднесе оставка од функцијата откако на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како гледа порно филм за време на седницата за Косово, јавуваат белградските медиуми.

„Пред половина час дадов оставка од пратеничката функција. Не можам повеќе да зборувам, јавете ми се повторно за два часа“, кратко изјави Стевиќ.

Во понеделникот вечерта на социјалните мрежи беше објавено видео на кое се гледа како пратеник гледа видео со експлицитна содржина за време на дебатата за европскиот план за Косово. Инаку, Звонимир Стевиќ (66) е член на собраниската Комисија за Косово и Метохија и заменик член на Комисијата за уставни прашања и законодавство и заменик член на Комисијата за административно-буџетски и мандатно-имунитетни прашања.

На почетокот на денешната седница во собраниската сала немаше пратеници на СПС, но дојдоа доцна и ќе учествуваат во работата. Исто така, пратеничката на Социјалистичката партија на Србија Снежана Пауновиќ повеќе нема да биде потпретседател на парламентот, одлучено е на седницата на Претседателството на СПС.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Регион

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more

Пленковиќ и Мицотакис се можни наследници на Фон дер Лајен

Read more

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Read more

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more
 

Вести

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Читај повеќе

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Читај повеќе

УЈП: До 26 април продолжен рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите

Читај повеќе

Фон дер Лајен: ЕУ мора да почне да користи приватен капитал

Читај повеќе

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Читај повеќе