УЕФА ЕУРО 2024 ГЕРМАНИЈА

Срушен рекордот за најбрз гол на ЕУРО: Албанија погоди по само 23 секунди

Албанија поведе во 23. секунда против Италија, а голот на Недим Бајрами е најбрзиот во историјата на Европските првенства.

Само што се тргна од центарот Италија доби аут, а Федерико Ди Марко лошо го изведе фрлајќи ја топката во шеснаесетникот кон Алесандро Бастони, а Бајрами прв ја стигна и со силен удар ја закова под гредата од голот на Џиџи Донарума.

Remote video URL

Голот на Бајрами е убедливо најбрз во историјата на ЕУРО, откако претходниот рекордер беше Димитриј Кириченко на мечот меѓу Русија и Грција на ЕУРО 2004, кој постигна гол по 1 минута и 7 секунди.

Албанија иако рано поведе, Италија потоа за кратко го сврте резултатот во своја корист.

Веќе во 11. минута Алесандро Бастони израмни на 1:1 откако ја искористи слабата реакција на албанската одбрана по еден корнер. Само пет минути подоцна Николо Барела со фантастичен удар донесе водство за „Аѕурите“, кое до крајот го задржаа и запиша а3 бода на своето конто.

Да потсетиме, Италија ја брани титулата европски првак, а ова е втор настап за Албанците на континенталните собири.

Во првиот натпревар од оваа група синоќа Шпанија убедливо со 3:0 ја победи Хрватска.

Бајрами од 2019 игра во Калчото отккао тогаш дојде во Емполи, а од лани е во Сасуоло со кого изминатава сезона испадна од Серија А.

реклама

Фудбал

ФИФА ги објави кандидатите за наградата Пушкаш

Read more

Костиќ удри по Пикси: Да имавме селектор немаше да изгубиме од Албанија

Read more

Милевски генерално задоволен од нулата со Латвија: Играчите ја оправдаа довербата

Read more

Роналдо им се потсмеваше на Ирците, па го стигна карма и доби црвен

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

ФИФА ги објави кандидатите за наградата Пушкаш

Читај повеќе

Костиќ удри по Пикси: Да имавме селектор немаше да изгубиме од Албанија

Читај повеќе

Милевски генерално задоволен од нулата со Латвија: Играчите ја оправдаа довербата

Читај повеќе
  • play_arrow

Роналдо им се потсмеваше на Ирците, па го стигна карма и доби црвен

Читај повеќе

Роберто Манчини има нова работа

Читај повеќе

Ибра ја објасни разликата помеѓу трите најсилни лиги во кои играл

Читај повеќе

Изјавите на Димитриевски ги разлутија челниците на Валенсија

Читај повеќе
  • play_arrow

Германски навивач си ќари дрес и автограм од судијата

Читај повеќе

Прво синот на Зидан, сега брат му на Мбапе: Алжир си ја собира дијаспората

Читај повеќе