Standard & Poor’s: Денарот и банкарскиот систем се и остануваат стабилни

Во најновиот извештај на агенцијата Standard & Poor’s e нагласено дека поставеноста на монетарната политика и мерките на Народната банка придонесуваат за неутрализирање на ефектите од пандемијата на COVID-19 врз македонската економија, како и дека банкарскиот систем останува стабилен.

Во најновиот извештај на агенцијата Standard & Poor’s со којшто се потврдува кредитниот рејтинг на нашата земја, „ББ-“, со стабилен изглед, одделен акцент е ставен на монетарната политика и мерките на Народната банка во текот на ковид-кризата, девизниот курс на денарот и состојбата во банкарскиот систем.

Од Standard & Poor’s напоменуваат дека поставеноста на монетарната политика и мерките на Народната банка придонесуваат за неутрализирање на ефектите од пандемијата на COVID-19 врз македонската економија. Притоа, одделно ги посочуваат сведувањето на основната каматна стапка на историски најниско ниво, регулаторниот простор за одложување на наплатата на кредитните обврски и мерките за обезбедување дополнителна ликвидност во банкарскиот систем.

„Банкарскиот систем останува стабилен“, истакнуваат од Standard & Poor’s. Притоа, осврнувајќи се на укинувањето на дозволата за основање и работење на Еуростандард банка напоменуваат дека тоа не е поврзано со ковид-кризата. Според оцените на Standard & Poor’s, имајќи предвид дека учеството на оваа банка во вкупните кредити и вкупните депозити на банкарскиот систем беше мало, односно под 2%, укинувањето на дозволата за работење на Еуростандард банка, воопшто нема да влијае врз стабилноста на банкарскиот систем.

Во врска со девизниот курс на денарот во однос на еврото, посочуваат дека според нивните оцени, тој и понатаму ќе остане стабилен. Притоа нагласуваат дека отсуството на краткорочни капитални текови значително ги намалува ризиците за македонската економија. Воедно, меѓу другото, во извештајот истакнуваат дека нивото на девизните резерви е адекватно и дека во јули оваа година е зголемено за 10% во споредба со крајот на минатата година, што е значајно за стабилноста на домашната валута.

Во извештајот, од агенцијата напоменуваат дека тековните случувања на депозитниот и девизниот пазар ја потврдуваат довербата на граѓаните во банкарскиот систем и во стабилноста на домашната валута - денарот.

Standard & Poor’s, како особено значајна ја посочуваат одлуката на Европската централна банка да овозможи Народната банка да има пристап до дополнителна девизна ликвидност во евра преку репо-линија, во износ до 400 милиони евра, доколку има потреба од тоа. Истовремено, напоменуваат дека Народната банка досега нема користено од овие средства, но располага со нив доколку би било потребно.

Според оцените на агенцијата, и покрај влијанието на ковид-кризата, македонската економија има капацитет и простор соодветно да го надмине периодот на неизвесноста креирана од глобалната криза. Во извештајот на Standard & Poor’s е нагласено и дека преговорите во рамки на евроинтегративниот процес можат да придонесат за јакнење на потенцијалот на македонската економија во спроведувањето на структурните реформи.

реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Бизнис

Доларот е на највисоко ниво во последните пет месеци

Read more

Драстичен пад на цената на биткоинот

Read more

Народна банка воведе новa веб-услуга за автоматизирано преземање податоци од Курсната листа

Read more

Силен раст на акциите на Apple и Nvidia

Read more
 

Вести

Ванковска: Без директно соочување на противкандидатите мислам дека сите ќе бидеме посрамени

Читај повеќе

Уапсен 26-годишник, се обидел да силува 68-годишна жена

Читај повеќе

Зеленски: Едвај се држиме, без помош ќе изгубиме

Читај повеќе
  • play_arrow

Со што Иран го гаѓаше Израел: Снимка од монструозна ракета извлечена од Мртвото Море

Читај повеќе

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Читај повеќе
  • filter

Промовирана Мојот сон во родната Крива Паланка, на Саем на книга ќе ја продава Топер

Читај повеќе

Меџити на средба со уметниците кај скопскиот Аквадукт

Читај повеќе

Малолетник од Тетово украл возило, бегајќи оштетил друго возило

Читај повеќе

Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, праша Арсовска

Читај повеќе