Стапи на должност петтата техничка Влада на Бугарија

Бугарската техничка Влада денеска положи заклетва пред претседателот на државата Румен Радев, која треба да служи на државата до одржување на предвремени парламентарни избори и назначување редовна влада.

-Пред шест месеци ја презедовте одговорноста за државата во тешко време, прогнозите предвидуваа многу негативни сценарија за економијата, рече Румен Радев на официјалната церемонија на која ги презентираше задачите и приоритетите на преодната влада. - Успеавте да го запрете „слободниот пад“ на државата, им се обрати Радев на владините министри.

Преодната влада стапува на должност денеска со указ издаден од шефот на државата на 2 февруари, пренесува БТА.

Радев истакна дека главна задача на Владата е подготовка на фер и транспарентни избори. Но, тоа се искомплицира поради измените во Изборниот законик. - Верувам дека ќе направите се за да не се искриви гласот на бугарските граѓани, рече шефот на државата.

Преодната Влада ќе ја предводи Галаб Донев. - До вчера бевме 100-та влада на Бугарија, од денеска сме 101-та и причината за ова е само една - 48-то Народно собрание не успеа да избере редовна влада поддржана од стабилно парламентарно мнозинство, истакна Донев.

Бугарскиот претседател вчера издаде указ за именување на преодна влада од 3 февруари, предводена од премиерот Галаб Донев. Единствена промена во составот е министерот за култура - Најден Тодоров ја презема функцијата од проф. Велислав Минеков.

Тагови
реклама

Плутон влегува во Водолија после 200 години: Што ќе ни донесе?

Read more

Запознајте се со хотелите на Фибула за сезона 2023 и одберете одмор од соништата

Read more

Три најчесни знаци од Зодијакот на кои секогаш можете да се потпрете

Read more

Огромни резерви на гас и нафта откриени во Тунис и Либија

Read more

Регион

Поскапе патарината во Србија

Read more

Бања Лука утрово ја потресе земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтер

Read more

Радев го критикува бришењето на бугарскиот клуб во Битола

Read more

Само 169 Бугари од Македонија пријавени да гласаат на изборите во Бугарија на 2 април

Read more
 

Вести

Спречен транспорт на дрога вредна 100.000 евра, претреси во Арачиново, приведени двајца дилери

Читај повеќе

Се прават анализи кои цени можат да се ограничат, без да има дисбаланс на пазарот

Читај повеќе

Поскапе патарината во Србија

Читај повеќе

При полициска акција на наплатна рампа кај Тетово запленето големо количество дрога

Читај повеќе

Огромни резерви на гас и нафта откриени во Тунис и Либија

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски ја повика Бугарија да ги почитува пресудите на Судот за човекови права во Стразбур

Читај повеќе

Очекуваниот животен век во ЕУ намален во 2021 година на 80,1, кај нас на 73,2 години

Читај повеќе

УЈП: Апликацијата МојДДВ е прилагодена за скенирање до 2.100 денари

Читај повеќе

Кој всушност користи муниција со осиромашен ураниум и колку е таа опасна?

Читај повеќе