Starliner на Boeing конечно успешно лансиран, екипажот отпатува до МВС

Првиот лет со екипаж на вселенското летало Starliner на Boeing конечно започна со успешно лансирање на ракетата Atlas V на United Launch Alliance, речиси еден месец по првичниот датум.

Астронаутите на НАСА, Буч Вилмор и Сунита Вилијамс, влегоа во капсулата Starliner и ги направија потребните подготовки, а 30 минути подоцна беше објавено дека компанијата работи на решавање на проблемите со вентилите на тлото преку својата Software Integration Lab (SIL). Откако проблемот беше поправен, Starliner полета кон Меѓународната вселенска станица (МВС).

Минатиот месец лансирањето беше одложено поради аномалија поврзана со вентилот за контрола на притисокот во резервоарот за течен кислород на горната Centaur фаза на ракетата Atlas V. Вентилот беше заменет, но следеше нов проблем во форма на истекување на хелиум од сервисниот модул на вселенското летало.

НАСА и Boeing го одложија лансирањето за да истражат, и на крајот беше утврдено дека проблемот не претставува безбедносен ризик за мисијата. Лансирањето беше презакажано за 1 јуни, но овој пат исто така беше откажано во последен момент поради проблеми со секвенсерот за лансирање на компјутерот.

Меѓутоа, во новиот обид лансирањето беше успешно, а Starliner, покрај астронаутите на НАСА, носеше и товар, односно храна и залихи потребни на екипажот кој е веќе на Меѓународната вселенска станица.

Remote video URL

Вилмор и Вилијамс ќе поминат 8 дена на МБС, каде што ќе спроведат тестови за да утврдат дали Starliner е подготвен за редовни летови до вселенската лабораторија.

НАСА соопшти дека доколку мисијата биде успешна, ќе го започне последниот процес на сертифицирање на Starliner и неговите системи за мисии со ротација на екипажот до МВС.

Тагови
реклама

Масовни апсења на млади луѓе низ Европа, некои имаат само 14 години

Read more

Од полноќ нови цени на горивата

Read more

Крај на измамите со вратена километража на возила

Read more

Шпанците објавија снимка од ВАР собата за поништениот гол на Барса

Read more

Вести

Кој европски град има најмногу облакодери по глава на жител?

Read more

Германија му врти грб на јагленот: Сончевата енергија го надминува лигнитот

Read more

Што ќе се случи со вашиот компјутер кога ќе дојде крајот за Windows 10?

Read more

Лендер од времето на СССР падна на Земјата по 53 години во орбитата

Read more
 

Гик

  • filter

Кој европски град има најмногу облакодери по глава на жител?

Читај повеќе

Германија му врти грб на јагленот: Сончевата енергија го надминува лигнитот

Читај повеќе

Што ќе се случи со вашиот компјутер кога ќе дојде крајот за Windows 10?

Читај повеќе
  • play_arrow

Лендер од времето на СССР падна на Земјата по 53 години во орбитата

Читај повеќе

Apple со еден потег сериозно го потресе Google

Читај повеќе

Huawei го претстави првиот лаптоп со својот оперативен систем

Читај повеќе

Приказна за легендарната фотографија што го симболизира падот на нацистичка Германија

Читај повеќе

Бил Гејтс ќе донира 99% од неговото богатство

Читај повеќе

Кина ќе ги одржи првите игри за хуманоидни роботи: Атлетика, фудбал и танцување

Читај повеќе