„Стела“ блесна на отворањето на Синедејс, програмата продолжува со кина на отворено низ цело Скопје

Александра Спасеска
/ 19.09.2020 / 13:40

Деветнаесеттото издание на Фестивалот на европски филм Синедејс беше отворено вчера со премиерата на филмот „Стела“ на Стојан Вујичиќ.

На младиот Петар Маниќ ова му е прва улога во долгометражен филм (Фото: Кајгана)

Просторот одреден за кинопроекцијата во Градски Парк беше исполнет до последно место, а на премиерата на првиот македонски семеен детски филм „Стела“ присуствуваа бројни претставници на медиумите, културната и филмска фела во земјава, како и бројна публика. Билетите за премиерата на „Стела“ беа распродадени онлајн за околу час и половина.

Во филмот главните улоги ги толкуваат: младата шарпланинка Стела, 13-годишниот Петар Маниќ кому ова му е прва улога, Дејан Лилиќ, Тони Михајловски, Симеон Дамески и Христина Поповиќ. Сценариото е на Ева Камчевска, кинематографијата е на Ѓорѓи Клинчаров, костимограф на филмот е Милена Миленковиќ, а снимател на звукот е Срѓан Бајски.

Публиката со бурен аплауз ја поздрави филмската екипа на „Стела“ на крајот на проекцијата, а продуцентот Огнен Антов за крај порача дека се надева оти шпекулациите дека кината наскоро ќе отворат се точни и дека поширока публика ќе има можност да го погледне филмот.

Првичните импресии од „Стела“ се дека екипата одговори на предизвикот да го направи првиот македонски семеен детски филм на јазик што е разбирлив за децата и допира до возрасните и да ја оправда еуфоријата околу долгоочекуваниот филм во чија срж е важноста на детето во семејството и светот воопшто. А за младиот Петар Маниќ, кому ова му е прва улога во долгометражен филм, со увереност може да се каже дека неговата актерска ѕвезда допрва блеснува.

КАЈГАНА интервјуто со режисерот Стојан Вујичиќ може да го прочитате ТУКА.

ПРОГРАМА НА CINEDAYS ЗА 19.9.2020

ГРАДСКИ ПАРК

20:30 LES MISÉRABLES

*ГАЛА програма

режија: Ladj Ly

Стефан од неодамна е дел од единицата за борба против криминалот во Монфермеј, во периферијата на Париз, Франција, каде што Виктор Иго го сместил дејството на неговиот прочуен роман „Клетници“. Заедно со неговите колеги Крис и Гвада, обајцата искусни членови на тимот, брзо открива дека меѓу локалните банди владее голема тензија. Кога тројката ќе се најде во незавидна ситуација за време на едно апсење, дрон ја снима случката, заканувајќи се да ја изнесе на виделина реалноста на секојдневието.

Инспириран од париските протести во 2005 година и истоимениот краток филм на Лаџ Ли, „Клетници“ претставува провокативно проникнување во тензиите меѓу жителите на соседството и полицијата.

22:30 | COCOON

*Официјална селекција

режија: Leoni Krippendorf

Берлински Кројцберг е микроорганизмот на Нора. Нора, немиот набљудувач, секаде се шлепа. На забави, на училиште, на базен, по покриви и по станови. Нора шета околу монотоните станбени блокови со постарата сестра и нејзините пријатели, и сведочи настани што се чини како бавно да бледнеат на летната светлина. Девојки што сакаат да бидат слаби и убави, момчиња што кажуваат глупави работи за да провоцираат или затоа што се вљубени. Безмилосни смартфон-камери и кревки тинејџери. Но Нора светот го гледа со поинакви очи, а кога ја запознава Роми, сфаќа и зошто. Има музика во воздухот, телото на Нора се менува, а гасениците ги ткаат нивните кожурци. Реалистичен и пренесен од перспектива на главната хероина, овој филм ни доловува лето на промени.

Cocoon

МКЦ ПАРК

21:00 | MERMAID IN PARIS

*ГАЛА програма

режија: Mathias Malzieu 

Гаспар, човек со повеќе несреќни врски зад себе, верува дека нема повеќе љубов за давање. Еден ден, на Сена во Париз наидува на повредената сирена Лула, и ја носи во својот дом за да ја закрепнува во кадата, но дознава дека секој човек што ќе се вљуби во неа, умира. На почетокот имун на нејзиниот привлечен шарм, Гаспар полека се вљубува во Лула, која исто така искрено се вљубува во него.

ПАРК ИБНИ ПАЈКО

20:00 | ALL THE PRETTY LITTLE HORSES

*SEE програма

режија: Michalis Konstantos

По една катастрофа, Алики и нејзиниот сопруг Петрос, го носат синот Панајотис во мало провинциско приморско гратче, барајќи прибежиште. Наоѓајќи привремена работа, Алики и Петрос се обидуваат да си го средат животот за да можат да се вратат дома во Атина. Кога Алики почнува да сфаќа дека планот не функционира, или уште полошо, можеби дури и не постои, јазот помеѓу неа и Петрос почнува да се зголемува.

22:00 | NEW YORK: THE PILGRIMAGE

*Музички документарци

режија: Александар Ковиловски

Хип-хоп документарецот „Њујорк: Аџилак“ е своевидно патешествие низ улиците на Њујорк, родното место на хип-хоп културата. Сите тие културни влијанија, расни проблеми и борби за права се прикажани во културна смисла. Главна цел е да се направи паралела помеѓу развојот на хип-хопот во САД и во Европа, поточно во Македонија, каде што хип-хопот се појави на почетокот од 90-тите. Овој документарец исполнет со музика од златното време на хип-хопот и слики од гетата и местата каде што се развиваше оваа култура, даваат личен приказ за градот што го доживеал авторот на филмот, кој пораснал со хип-хоп културата.

POP-UP кино (кино Влае)

20:00 | ANOTHER ROUND

*ГАЛА програма

режија: Thomas Vinterberg

Постои теорија дека треба да бидеме родени со мало количество алкохол во крвта и дека таа скромна опиеност ни ги отвора умовите кон светот околу нас, намалувајќи ни ги проблемите и зголемувајќи ни ја креативноста. Поттикнати од таа теорија, Мартин и тројца негови пријатели, сите изморени наставници, започнуваат експеримент во обид да одржат постојано ниво на опиеност во текот на работниот ден. Ако Черчил успеал да ја добие Втората светска војна со тешка доза алкохол, кој знае што би можеле да сторат неколку капки за нив и за нивните ученици? Првичните резултати се позитивни и малиот проект на наставниците прераснува во автентична академска студија. Доаѓа до подобрување и во нивните предавања и во резултатите, а групата одново се чувствува живо! Како што продолжуваат со пиењето, едни учесници се подобруваат уште повеќе, додека други пак почнуваат да губат контрола. Сѐ повеќе станува јасно дека иако алкохолот можеби поттикнал големи резултати во историјата, некои смели постапки носат и последици.

Another Round

22:00 | PROXIMA

*ГАЛА програма

режија: Alice Winocur

Сара е француска космонаутка на обука во Европската вселенска агенција во Келн. Таа е единствената жена во тешката програма. Живее сама со Стела, нејзината осумгодишна ќерка. Сара чувствува грижа на совест што не може да поминува повеќе време со детето. Нејзината љубов е нескротлива и вознемирувачка. Кога Сара ја избираат да се придружи на екипажот на едногодишната вселенска мисија Проксима, настанува хаос во односот меѓу мајката и ќерката.

ПРИДРУЖНА ПРОГРАМА

23:00 | cinEmusic: Концерт на Зулу 3.4 во МКЦ парк

Зулу 3.4 е инструментален бенд од Скопје, основан во март 2018 година од тројца млади џез-ентузијасти, чија цел беше да создадат уникатен звук преку фузија на различни стилови и да внесе свежина на македонската музичка сцена. Зулу 3.4 се состои од три члена: Дамјан Даневски (тапани), Марио Симоновски (гитара) и Мартин Џорлев (клавијатури).

*влезот е слободен.

Зулу 3.4

Со секој билет може да користите бесплатен превоз на ЈСП Скопје при доаѓање или заминување од фестивалските локации. Билетот има важност на денот на избраниот настан, во период од 19:00 до 00:00 часот.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Филм & ТВ

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Read more

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Read more

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Read more
 

Сцена

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе
  • filter
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Читај повеќе