Стерјовски бара објаснување од премиерот Рама зошто нема легализација на дивоградбите во Пустец

Пратеникот на македонската партија Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски, до Собранието на Албанија поднесе барање, премиерот Еди Рама на пленарна седница да даде објаснувања во врска со проблемите на сопственоста и процесот на легализација во Општина Пустец.

Барањето е врз основа на деловникот за работа на законодавниот дом, каде со член 96 се предвидува пратеник да побара објаснувања по одредени прашања од премиерот и министрите.

– Општина Пустец е единствената општина во Република Албанија каде ниту еден објект изграден без одобрение не е легализиран, како оние од пред 1991 година, така и оние изградени потоа. Веќе 30 години на жителите на македонската заедница во Општина Пустец им е ускратено правото да ги легализираат објектите, иако во споредба со другите општини тука, бројот на дивоградби е многукратно помал, изјави Стерјовски за МИА.

Додава дека во 95 отсто од случаите, изградените објекти се на земјиште на лицата кои граделе без одобрение и не претставуваа никаков проблем Државната агенција за катастар да го започне и заврши целиот процес на легализација, чии сопственици поднеле барања за легализација со потребната документација.

– Поради тоа, барам одговор од премиерот Рама зошто не е започната постапката за легализација, дали има некаков план и кога се размислува да се започне со процесот на легализација на дивоградбите во Општина Пустец. Друг проблем е што државното земјиште, што според законот ѝ припаѓа на Општина Пустец, нема имотен лист и општината губи приходи од тоа што не може да го издава под закуп. Затоа го прашувам премиерот зошто ова земјиште нема имотен лист, вели тој.

Исто така, посочува Стерјовски, жителите на општина Пустец, сопственици на земјоделското земјиште кое го поседуваат врз основа на законот за распределба на земјиштето, поради недостатоци во документацијата или човечки грешки при неговото стекнување, не успеале да извадат имотни листови.

– Ова е проблем кој масовно се среќава во Општина Пустец поради грешки, главно при распределба на земјиштето во согласност со законот 7501 и кој сè уште не е решен до денес. Прашувам дали Државната агенција за катастар го следи процесот на регистрација на земјоделското земјиште во пштината Пустец, распределно според законот 7501 и каква е состојбата, додава Стерјовски.

Според деловникот, по неговото барање премиерот Рама во рок од две недели треба да даде објаснувања на пленарна седница на законодавниот дом.

Posted by Vasil Sterjovski - Васил Стерјовски on Friday, January 22, 2021
реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Регион

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Read more

Исчезна двегодишно девојче во Србија, активиран е системот „Најди ме“

Read more

Српската опозиција објави некролог за Вучиќ

Read more

Вучиќ: Србија може да го напушти Советот на Европа откако беше примено Косово

Read more
 

Вести

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе

Се степале вработени во болница во Карпош

Читај повеќе

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Читај повеќе

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Читај повеќе

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

Синоним за престиж – Шпаркасе Банка ја претстави новата дебитна картичка Visa Platinum

Читај повеќе