Стигнаа резултатите: Ѓоковиќ е позитивен на COVID-19

Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга се позитивни на коронавирусот, покажаа резултатите од тестовите направени вчера.

Еден од најдобриот светски тенисери во моментов, Новак Ѓоковиќ, излезе позитивен на COVID-19. Откако Адрија турнирот во Задар се прекина поради тоа што бугарскиот тенисер Григор Димитров излезе позитивен, а потоа и Хрватот Борна Чориќ, Ѓоковиќ одби да се тестира во Хрватска и замина за Белград каде вчера му земаа брис.

„Веднаш по пристигнувањето во Белград отидовме на тестирање. Мојот и резултатот на сопругата Јелена се позитивни. Децата се негативни“, соопшто тенисерот.

Србинот беше обвинуван за организирањето на турнирот во време кога сѐ уште пандемијата трае. На крајот се покажа дека сепак идејата била лоша.

„Сѐ што направивме во изминатите месец дека беше од срце и со искрени намери. Турнирот беше хуманитарен со идеја да им помогнеме на тенисерите од регионот, да им овозможиме да играат, да остварат приходи и на тој начин полесно да го пребродат овој тежок период. Во истовреме сакавме да пратиме порака за солидарност, почитување и фер-плеј“, вели Новак.

Ѓоковиќ додаде и дека ќе остане во самоизолација во наредните 14 дена, по што повторно ќе се тестира.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Тенис

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more
 

Спорт

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе