Стинг ги откажа настапите поради здравствени проблеми: Искрено ми е жал

Музичарот Стинг одложи два свои концерти и го откажа претстојното појавување на наградите на списанието Bass поради нарушено здравје, пренесува Daily Mail.

73-годишниот пејач на доделувањето на наградите требаше да добие награда за животно дело, но на крајот нема да учествува.

Поранешниот фронтмен на „Police“, исто така, ги одложи своите американски шоуа во Феникс, Аризона и Витленд, Калифорнија, кои беа одложени до крајот на месецот, додека тој закрепнува. Не се наведува за каков здравствен проблем се работи.

Портпаролот на Стинг во објава на социјалните мрежи потврди дека обожавателите можат да ги задржат своите оригинални билети, кои ќе важат за новите датуми на концертот.

„По совет на неговиот лекар, поради болест, со длабоко жалење Стинг мора да го откаже своето појавување на наградите на магазинот Bass овој четврток и да ги одложи концертите. Старите билети ќе бидат валидни за новите датуми. Стинг искрено се извинува за секоја непријатност и им благодарам на неговите фанови за разбирањето“, изјави портпаролот на пејачот.

Тагови
реклама

Музика

Северина падна на концерт: Се сопна танцувајќи и прсна во смеа

Read more

Нела Манческа со песната Miracle ќе ја претставува Македонија на Јуниорскиот Евросонг 2025

Read more

5 ноември 1994, почина фронтменот на ЕКВ Милан Младеновиќ

Read more

Убиецот на Џон Ленон по 45 години: Го убив за да бидам познат, само скријте ме некаде под тепих

Read more
 

Сцена

Гари Олдман тврди дека улогите во овие филмови му ја спасиле кариерата

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто (не) треба да го гледате Frankenstein на Гиљермо дел Торо?

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Објавен официјален трејлер за биографскиот филм за Мајкл Џексон

Читај повеќе

Stranger Things пишува историја: Финалето на серијата ќе се прикажува во кината ширум светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Роуан Аткинсон се враќа: Netflix објави трејлер за серијата Man Vs Baby

Читај повеќе
  • play_arrow

Шварценегер го откри единствениот римејк на негов филм што би сакал да го види

Читај повеќе
  • play_arrow

Северина падна на концерт: Се сопна танцувајќи и прсна во смеа

Читај повеќе
  • play_arrow

Нела Манческа со песната Miracle ќе ја претставува Македонија на Јуниорскиот Евросонг 2025

Читај повеќе