Стоилковски: Криминалци избркале полицајци од Арачиново

„Оливер Спасовски, СДС и ДУИ се сериозна опасност за функционирањето на МВР и за безбедноста на граѓаните пред растечкиот криминал, насилството и самоволието“, изјави на прес-конференција Наум Столковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ .

„Криминалци бркаат полицајци. Упаѓаат вооружени во полицијата во Арачиново и полицајците бегаат, биле ИЗБРКАНИ од полициско одделение. Нема друг таков случај во светот. И Спасовски и МВР повторно се обидува да забошотат и премолчат случајот.

Ова е тежок скандал, за којшто нема оправдување, ниту криењето помага.  Вооружени лица блиски до власта, влегле со закани во полициско одделение во Арачиново, а четворица полицајци добиле наредба од претпоставен да се повлечат од полициски пункт, и од Арачиново да се повлечат во Гази Баба, само затоа што е направена контрола, сопреле возило, без валидни документи.

Вчера медиумите објавија за случувањето пред два дена, а МВР сè уште молчи. Повторувам, само затоа што било сопрено лице со возило без валидни документи, вооружена група блиска до власта, еден полицаец и еден познат на полицијата, влегуваат во полициско одделение и полицајците морале, добиле наредба од претпоставен да се повлечат од Арачиново до Гази Баба!

Почитувани криминалот и бандитизмот земаа се поголем замав токму заради самоволието и инволвираноста на Спасовски, СДС и ДУИ во нивното покривање на штета на полицијата, но и на општата безбедност и јавен ред и мир.

Бандитизмот и дрскоста заради неказнивоста одат до таму што човекот којшто според медиумот ја предводел вооружената група во полициското одделение во Арачиново, директно упатува закани до редакцијата којашто ја објави веста.

Почитувани, ако некој се чувствува моќен за неказнето вооружен да влетува во полициски објект и да брка и да се заканува врз полициски службеници коишто се повлекуваат, кој може да ја гарантира безбедноста на медиумите или на граѓаните после ова било каде?

Оттука, ги повикуваме професионалците во МВР да преземат мерки во насока на заштита на јавниот ред и мир, во насока на заштита на медиумите, но и за ставање крај на политичките злоупотреби на полицијата, вистински да застанат во функција на обезбедување на јавен ред и мир и справување со енормно нараснатиот криминал и да го расчистат случајот.

Оливер Спасовски мора да замине од МВР, затоа што по 7 негови години, криминалот цвета, полицајците се цел на потсмев, а полицијата е логистика на белосветската мафија.

Оливер Спасовски е најголемата закана по функционирањето на МВР и справувањето со криминалот, насилството и корупцијата.

Оттука, ги повикувам и новинарските и медиумските здруженнија да се охрабрат и да реагираат во заштита на новинарите и медиумите коишто ја пренесоа информацијата за Арачиново. Во моментов ништо не е поважно од ставање крај на бандитизмот, а додека Оливер Спасовски е на чело на МВР тоа е невозможно“, смета Стоилковски.

Тагови
реклама

5 апликации кои треба да ги избришете пред да ви ја „исчистат“ банкарската сметка

Read more

Илон Маск го исмева Зеленски кој бара помош за одбрана од руската агресија

Read more

Како да го светнете стаклото на туш кабината?

Read more

Голем месечен хороскоп за октомври: Кој ќе доживее трансформација на годината?

Read more

Македонија

Топло со свежи утра до среда, од четврток дожд

Read more

Дете со аутизам било врзувано и малтретирано во болница, потресно сведоштво на мајката

Read more

Муцунски: Со интонирање на македонската химна, секој понеделник ќе започнува наставата во училиштата во Аеродром

Read more

Половина сендвич за студентите, за министрите над 2.000 евра плата, реагира ДД

Read more
 

Вести

Топло со свежи утра до среда, од четврток дожд

Читај повеќе

Приведени шест албански државјани во Тетовско

Читај повеќе

Дете со аутизам било врзувано и малтретирано во болница, потресно сведоштво на мајката

Читај повеќе

Муцунски: Со интонирање на македонската химна, секој понеделник ќе започнува наставата во училиштата во Аеродром

Читај повеќе

Половина сендвич за студентите, за министрите над 2.000 евра плата, реагира ДД

Читај повеќе

Илон Маск го исмева Зеленски кој бара помош за одбрана од руската агресија

Читај повеќе

Пронајдена граната од Првата светска војна на патот за битолското село Бистрица

Читај повеќе

Распишан конкурсот за поетската награда „Даница Ручигај“

Читај повеќе

Бензинот поевтинува, дизелот поскапува - нови цени на горивата

Читај повеќе