ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2019/20

Стоилов: Без Криштопанс тешко и до титулата дома

Вардар в сабота го пречекува тимот на Мотор, а капитенот Стојанче Стоилов не е оптимнист особено по заминувањето на Криштопанс и Атман.

По Павел Атман кој се пресели во московски Спартак, вчера трансфер направи и Латвиецот Даинис Криштопанс кој е нов играч на берлински Фихсе. Вардар в сабота без овие двајца ќе има тешка задача против украинскиот тим.

„Си замина важен играч и да бидеме реални, Вардар не е ист со и без него. Наше е да се бориме, да пробаме да победиме. Тешко е, но проблемите не се нови. Се надевам дека пред полна сала ќе одиграме добар натпоревар“, рече Стоилов на денешниот прес.

Вардар пет кола по ред нема победа во Лигата на шампиони од кои 4 порази и едно реми. Сега во „Јане“ доаѓа последнопласираниот Мотор, а победата е императив за да се задржат шансите за пласман во осминафиналето.

„Ова можеби се последните натпревари за нас тука. Нам никој ништо не ни кажува. Ние сме европски шампиони, а односот кон нас е смешен. Ќе видиме што ќе се случи. Наше е да дадеме сѐ од себе, да го победиме Мотор, но реално сега каква што е работата во прашање е доведена и титулата во Македонија“, истакна Стоилов осврнувајќи се на финансиските проблеми и наводното ново откажување на газдата Сергеј Самсоненко.

Натпреварот се игра в сабота со почеток од 17.30 часот.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Ракомет

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more

Познати четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Read more

Најдебелиот ракометар во светот има нов клуб, доаѓа во соседството

Read more

РФМ ќе ги награди сениорските селекции ако се пласираат на СП и ЕП

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе