НБА 2021/22

Страшна пресметка на Дончиќ и Јокиќ - почна со Карлеуша

Натпреварот со заврши со тоа што Србинот му подаде рака честитајќи му ја победата на Словенецот, иако постигна повеќе поени од него.

Далас на домашен терен ноќеска беше подобар од Денвер со 103:89, откако гостите немаа решение кога на паркетот го немаше Никола Јокиќ. Денвер има доста повредени играчи, па кога Јокиќ одмараше на клупа Далас користеше и правеше разлика.

Уште на загревањето Дончиќ го пречека Јокиќ со неговата омилена песна правејќи неговата посета на Тексас да биде незаборавна. Додека траеше загревањето, Јокиќ имаше можност да си ја потпевнува „Zicer“ од Оља Карлеуша додека е под обрачот.

URL

Јокиќ натпреварот го заврши со 27 поени, 16 скокови и 3 асистенции, со одличен процент на погодени шутеви. Српскиот центар погоди 11 од 18 обиди, со тоа што шутот за три поени не го послужи погодувајќи само 1 од 4 тројки.

На Далас едноставно му беше премногу лесно да ги предвиди нападите на Денвер, па можеа да испратат по тројца чувари на Јокиќ, знаејќи дека тоа е побезбедно решение, бидејќи воопшто не покажаа страв од остатокот од неговиот тим. Го следеше само Гордон со 15 поени, односно уште само Бартон со 12 беше двоцифрен.

Remote video URL

На другата страна Лука Дончиќ исто така беше доста мотивиран и за малку не запиша трипл-дабл. Постигна 21 поен, имаше дури 15 асистенции, а му недостасуваа само два скока.

Нему како и на Јокиќ не му одеше шутот за три поени (само 1 од 6), а по натпреварот долго разговараше со Србинот.

Remote video URL

За Далас ова е трета победа во серија со која сега е на 5. место на Западот со скор 19-18, едно место пред Денвер кој, пак, ја прекина победничката низа од 3 натпревари. Нагетс сега се на 18-17 со ист коефициент како Далас - 0,514.

Remote video URL
Резултати:

Филаделфија 76ерс - Хјустон Рокитс 133:113
Вашингтон Визардс - Шарлот Хорнетс 124:121
Бруклин Нетс - Мемфис Гризлис 104:118
Чикаго Булс - Орландо Меџик 102:98
Милвоки Бакс - Детроит Пистонс 106:115
Њу Орлеанс Пеликанс - Јута Џез 104:115
Далас Маверикс - Денвер Нагетс 103:89
Голден Стејт Вориорс - Мајами Хит 115:108
Портланд Треил Блејзерс - Атланта Хокс 136:131
Лос Анџелес Клиперс - Минесота Вајлд 104:122

Табела:

Standings provided by SofaScore LiveScore
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Кошарка

Бакс и Лејкерс одиграа спектакуларно дерби со дури две продолженија

Read more

Балканците доминираа синоќа во НБА

Read more

Најплатената ѕвезда во НБА: Постот за Рамазан ми го спаси животот

Read more

Лејкерс славеа во меч со речиси 300 поени, Голден Стејт испушти место во плеј-ин

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе