Стратегиските планови за долгорочен раст на Шпаркасе Банка поддржани со нова докапитализација во износ од 20 милиони евра

Шпаркасе Банка продолжува да ја зацврстува својата капиталната позиција како значајна мерка за поддршка на планираниот развој во делот на кредитниот раст. Со одлука на Собранието на акционери на Шпаркасе Банка, Банката го зголеми основниот капитал за нови 20 милиони евра. 

Капиталот делува како регулатор во креирањето на долгорочните цели на работењето, како и значаен инпут при креирањето на стратегиските цели за преземање поинтензивни кредитни активности. Секако, значајна придобивка од капиталното зголемување е и подобрувањето на структурата на изворите на финансирање, бидејќи нуди можности за намалување на трошоците на финансирање, а со тоа и позитивен ефект на профитабилната позиција на Банката.

Групацијата Ерсте и Штаермеркише Шпаркасе е една од водечките групации во областа на финансиски услуги во Средна и Источна Европа и опслужува повеќе од 17 милиони клиенти преку 3.200 експозитури, а за нејзината стабилност и традиција зборува фактот за непрекинато работење од близу 200 години. Групацијата континуирано ја докажува својата стратегиска определба за долгорочно делување во регионот и во Република Северна Македонија, со перманентни инвестиции за поддршка на кредитниот раст на Банката преку реинвестирање на добивката во сите претходни години од работењето како и повеќекратни докапитализации.

Сето ова заборува за исклучителна посветеност во исполнување на зацртаните стратегиски цели за значаен раст и развој и зајакнување на пазарната позиција. 

Шпаркасе Банка останува посветена на обезбедување континуирана финансиска поддршка на своите клиенти преку разбирање на нивните потреби, понуда на конкурентни производи, унапредување на процесите и постојано инвестирање во технологијата и дигитализацијата, опслужувајќи во моментов повеќе од 120.000 клиенти во 36 експозитури.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Промо

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Read more

Macan поставува нови стандарди: првиот и целосно електричен SUV на Porsche

Read more

НЛБ Банка по повод Меѓународниот ден на образованието: Развојот на вработените основа за личен и организациски раст

Read more

Доделена главната награда Opel Corsa од наградната игра „Телеком наградува“

Read more
 

Ново

Герасимовски: Конечно, Работнички се враќа на шампионските патеки

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе
  • play_arrow

Тонали е вистински зависник: Се обложувал и во Англија, намерно добил жолт картон

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе
  • filter

29 март 845: Рагнар и Викинзите го нападнале Париз

Читај повеќе
  • play_arrow

Лидерот Бостон падна во Атланта, го средија Мареј и Богдановиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитров го растури Алкарас во Мајами

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе