Строматолити: Камења слични на марсовските кои ја кријат тајната на животот

Строматолитите распослани ширум светот претставуваат необични формации кои во себе ја чуваат тајната за потеклото на животот на нашата планета.

Под нас се наоѓаат слоеви од камења и земјиште кои се таложеле со милиони години, а во нив има траги од некогашниот живот и докази за еволуцијата. Некои од овие карпи, како што се строматолитите - настрануваат од фотосинтетски микроби, и можат да бидат стари и над 3 милијарди години. Токму една таква карпа е пронајдена во Западна Австралија во формацијата Дресер, а со нејзино проучување научниците дошле до интересни откритија.

Имено, со цел да откријат што се наоѓа во карпите кои по својот состав многу наликуваат на формациите кои се наоѓаат на Марс, палеонтологот Кејрон Хикмен-Луис од Природниот музеј во Лондон и неговиот тим ги искористиле предностите на модерната технологија и направиле 2D и 3D снимки со висока резолуција. На нив воочиле нерамни слоеви, составени од помали куполи - кои укажуваат на процесот на фотосинтеза кој го обавувале микробите заробени во внатрешноста на строматолитите и тоа пред дури 3,48 милијарди години.

Сепак, додаваат дека ова најверојатно не се најстарите траги од живот откриени на нашата планета, бидејќи таа чест можеби им припаѓа на строматолитите откриени на Гренланд - стари 3,7 милијарди години, или можеби дури и на едни микрофосили од Канада за кои постои сомнеж дека се стари 4,29 милијарди години. Тие додаваат дека е многу тешко да се разликува биолошки живот од неорганските процеси во овие карпи, така што овие и слични наоди се многу контроверзни и потребно е многу проучување за да се дојде до прецизни податоци.

Резултатите кои ги објави списанието Geology укажуваат на тоа дека т.н. микробни простирки од строматолити откриени во формацијата Дресер, настанале во плитка лагуна во која се наоѓале хидротермални отвори поврзани со океанот. А, интересен податок е тоа што научниците во иднина ќе можат на сличен начин да ги проучуваат формациите на Марс кои имаат сличен состав.

Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Наука

Астронаутите ќе однесат растенија на Месечината во 2026 година

Read more

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Read more

Ретко суштество за кое малку се знае снимено на дното на морето

Read more

Свински бубрег првпат трансплантиран на човек, лекарите воодушевени

Read more
 

Гик

Астронаутите ќе однесат растенија на Месечината во 2026 година

Читај повеќе

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Читај повеќе

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Читај повеќе

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Читај повеќе

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Читај повеќе

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Читај повеќе
  • filter

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Читај повеќе

Драмата продолжува: TikTok под истрага, ѝ се заканува тужба

Читај повеќе