Струга ги дозна противниците за ЛШ - ќе се надева на фортуната

Филип Здравески
/ 27.05.2024 / 14:24

Македонскиот шампион Струга денеска ги дозна можните противници во првото квалификациско коло за новата сезона во Лигата на шампионите.

Фото: ФК Струга Трим & Лум

Како што беше од претходно познато, македонскиот шампион во жрепката ќе влезе како неносител, па за противник ќе добие екипа со поголем УЕФА рејтинг.

Новата сезона 2024/2025 во Лигата на шампионите ќе се игра со новиот формат со 36 екипи во групнбата фаза, па и квалификациите претрпеа промени. Укинато е она претколо каде играа најслабите четири, па сега сите почнуваат од 1. коло.

Гледајќи ги имињата на противниците, стружани може да се надеваат на среќа во жрепката бидејќи дефинитивно би имале шанси да поминат доколку за противник добијат екипа како Флора, КИ, Шамрок, ТНС или РФС, но и да имаат речиси невозможна мисија со Ференцварош, Карабаг, Слован, Лудогорец, ХЈК и ФЦБС (поранешна Стеауа).

  • Ференцварош (Унгарија)
  • Карабаг (Азербејџан)
  • Слован (Словачка)
  • Лудогорец (Бугарија)
  • ХЈК (Финска)
  • Флора (Естонија)
  • ФЦСБ (Романија)
  • КИ (Фарски Острови)
  • Шамрок Роверс (Ирска)
  • Линколн Ред Импс (Гибралтар)
  • Д Њу Сеинтс (Велс)
  • Пјуник (Ерменија)
  • РФС (Латвија)
  • Петроклуб (Молдавија)
  • Балкани (Косово)

Жрепката за 1. квалификациско коло ќе се одржи на 18 јуни, а наредниот ден и за второто каде Струга би дознала против кого би можела да игра доколку ја мине првата пречка.

реклама

Масовни апсења на млади луѓе низ Европа, некои имаат само 14 години

Read more

Од полноќ нови цени на горивата

Read more

Крај на измамите со вратена километража на возила

Read more

Шпанците објавија снимка од ВАР собата за поништениот гол на Барса

Read more

Фудбал

Дембеле прогласен за најдобар играч во Франција

Read more

Де Брујнe доби зелено светло за преговори со Наполи

Read more

Јунајтед ќе мора да го плаќа Каземиро како да е Роналдо

Read more

Шпанците објавија снимка од ВАР собата за поништениот гол на Барса

Read more
 

Спорт

Дембеле прогласен за најдобар играч во Франција

Читај повеќе

Де Брујнe доби зелено светло за преговори со Наполи

Читај повеќе

Јунајтед ќе мора да го плаќа Каземиро како да е Роналдо

Читај повеќе
  • play_arrow

Шпанците објавија снимка од ВАР собата за поништениот гол на Барса

Читај повеќе

Познати се сите учесници на Европското првенство во ракомет 2026

Читај повеќе
  • play_arrow

7 големи фудбалски клубови со лоши академии

Читај повеќе
  • play_arrow

Најбрзиот хет-трик во историјата на Ла Лига

Читај повеќе

ФИФА најави повисоки казни за расизам

Читај повеќе

Енрике: Жал ми е што Мбапе замина, но очигледно е дека сме подобри без него

Читај повеќе