Попладнево се одиграа одложените натпревари од 17-тото коло во најдобрата македонска лига, по кои Струга барем засега како да отпадна од борбата за титулата откако доживеа дебакл во Чаир.

Целото коло беше преместено од недела за денеска на барање на МВР, се одигра и пред прзани трибини, а со цел избегнување инциденти на етничка база по настаните од четвртокот.
Актуелниот шампион Струга пред ова коло имаше заостанување од 4 бода од првото место, но денеска претрпе пораз на гостувањето кај Шкупи, по што предноста на лидерот Шкендија стана плус 7. Шкендија минимално славеше над Воска Спорт.
Работнички фуриозно мина низ Струмица на гостувањето кај Брера, славејќи со 3:1, и остана на минус 2 од лидерот Шкендија, а се израмни со Силекс и Гостивар кои меѓусебе одиграа без голови и со тоа ги оставија тетовчани сами на врвот, а со кои до денеска го делеа првото место.
Поранешниот репрезентативец Мирко Ивановски повторно беше спасител на Пелистер, кој освои драгоцени три бода против Беса 1976, директен конкурент за опстанок.
Вардаровите навивачи доживеаја уште едно разочарување од својот миленик кој на домашен терен не успеа да го совлада фенерџијата Тиквеш. Гостите сезонава имаат само една победа, а голот кој им донесе бод им е, верувале или не, само петти сезонава.
Национална Арена „Тодор Проески“ во Скопје
Вардар - Тиквеш 1:1 (0:1)
Стрелци: 65' Ненад Мишковски - 41' Едиз Спахиу
Главен судија: Игор Иванов (Велес)
Стадион „Борис Трајковски“ во Скопје
Гостивар - Силекс 0:0
Црвен картон: 72' Марко Симоновски (Г)
Главен судија: Марјан Младеновски (Скопје)
Стадион „Атина Бојаџи“ во Охрид
Воска Спорт - Шкендија 0:1 (0:0)
Стрелци: 51' Флорент Рамадани
Главен судија: Јован Качевски (Струга)
Стадион „Чаир“ во Скопје
Шкупи - Струга 3:1 (2:0)
Стрелци: 17' Ел Хаџи Геје, 33' (п) Џељиљ Асани, 74' Георг Стојановски - 90'+1 Ланре Кехинде
Главен судија: Димитар Пилешков (Штип)
Стадион „Петар Милошевски“ во Битола
Пелистер - Беса 1976 1:0 (1:0)
Стрелци: 15' Мирко Ивановски
Главен судија: Александар Ставрев (Скопје)
Стадион „Благој Истатов“ во Струмица
Брера Струмица - Работнички 1:3 (0:2)
Стрелци: 73' Роџерс Мато - 17' Атде Мазари, 44' Бесир Демири, 68' Гандо Биала
Главен судија: Крумислав Ѓоргиев (Штип)
Табела: