Струшките вечери на поезијата со посебни протоколи, лауреатот со видео обраќање и читање

Под мотото „Извишени сведоштва, возвишени стихови“, од 26 до 30 август ќе се одржи 60-тото јубилејно издание на Струшките вечери на поезијата, на кое е најавено учество на повеќе од 30 поети од земјава и странство.

Фестивалот, како што соопшти дирекцијата, ќе се организира со физичко присуство на домашните поети и на најголемиот дел од поканетите учесници од странство, а дел од светските поети кои не можат да присуствуваат ќе бидат претставени преку видеочитања. Специјално видеообраќање и видеочитање, според информацијата на СВП, ќе има и годинашниот лауреат, британската поетеса Керол Ен Дафи.

– Програмата ќе ги задржи препознатливите содржини на фестивалот. Повеќе од 30 домашни и странски поети од постарата, но и од помладата генерација, ќе учествуваат на фестивалот на главните фестивалски читања. Во склоп на програмата се предвидени меморијални чествувања на доајените на македонската поезија Анте Поповски и Богомил Ѓузел, а како специјален настан е промоцијата на монографскотото издание „Избор од поезијата и кратката проза од Блаже Конески“, како дел од Националната програма со која се одбележуваат 100 години од раѓањето на великанот на македонската култура, соопшти НУ „Струшки вечери на поезијата“.

Овогодинашното мото „Извишени сведоштва, возвишени стихови“, според информацијата, го потенцира значењето на Паркот на поезијата и симболиката на засадување дрво од страна на лауретите секоја година, како чин со кој се одбележува растежот на фестивалот.

Remote video URL

Струшките вечери на поезијата, како една од најстарите и најзначајните светски поетски фестивали, ќе се одржи со целосно почитување на најновите мерки за заштита од коронавирусот. Свеченото отворање и затворање, според најавата, ќе се одржи на покриената тераса на хотел „Дрим“. Во останатите денови, претпладневната програма е предвидена да се одвива во Конгресната сала на хотел „Дрим“, а вечерната програма на летната сцена на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“.

– Физичкото присуство на публиката ќе биде ограничено поради капацитетот на просторот и поради протоколите за заштита, со задолжително приложување на сертификат/потврда за извршена вакцинација, односно примена најмалку прва доза вакцина или сертификат/потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст. Програмата на фестивалот, почнувајќи од изданието во 2019 година, целосно се пренесува во живо на официјалниот YouTube канал на Струшките вечери на поезијата, така што ќе биде овозможено целосно следење од страна на поширок аудиториум, стои во соопштенито на Струшките вечери на поезијата.

реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Култура

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more

Почнува Крај Вардарот Џез: Три фестивалски вечери и пет концертни настапи кои кокетираат со авангардни стилови

Read more

Под слоганот Приказна се чита денеска почнува Саемот на книга

Read more

Вечерва во МКЦ премиера на документарецот Време на бетон

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе