Студија: 10 пати поголем ризик од тромбоза по COVID-19, отколку од вакцината

Истражување спроведено на 500.000 пациенти кои заболеле од COVID-19 покажа дека згрутчување на крвта се јавило кај 39 лица на милион заразени, соопштија научниците.

Тие велат дека ризикот од појава на ретка церерална венска синусна тромбоза (ЦВСТ) е осум до десет пати поголем по зараза со коронавирус отколку по примањето на некоја од постоечките вакцини против COVID-19.

Истражувачкиот тим од Оксфорд, кој потенцира дека студијата е работена независно од тимот што ја разви вакцината AstraZeneca, соопшти дека ги споредиле податоците со Европската агенција за лекови, според кои пет лица на милион добиле ЦВСТ по вакцината AstraZeneca.

– Ризикот од појава ЦВСТ по COVID-19 се чини дека е значително поголем отколку што беше по примањето на вакцината Оксфорд/AstraZeneca, изјави пред новинарите Максим Такет од Оксфорд.

Такет рече дека стапката на смртност од ЦВСТ е околу 20 проценти без разлика дали се случила по инфекција со коронавирус или добиена вакцина, што укажува на тоа дека згрутчувањето е главен фактор на ризик.

Истражувачите истакнаа дека COVID-19 е повеќе поврзан со мозочен удар отколку со ЦВСТ и дека сегашната дебата за вакцините ја испуштила од вид можноста за појава на потешка форма на болеста.

– Важноста на ова откритие е дека се враќа на фактот дека ова е навистина страшна болест, со цела низа појави, вклучително и зголемен ризик од ЦВСТ, рече Џон Гедес, директор на истражувачкиот центар НИХР.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вести

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Read more

Последен поздрав од Марс

Read more

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе