Студија: Интензитетот на екстремните временски услови се зголеми со климатските промени

Макфакс
/ 31.10.2024 / 15:57

Климатските промени предизвикани од човекот ги направија десетте најсмртоносни екстремни временски настани во последните 20 години поинтензивни и најмалку двојно поголеми шанси да се случат, според новата анализа на научниците од групата World Weather Attribution (WWA) од Колеџот „Империал“ во Лондон.

Бурите, топлотните бранови и поплавите што ги погодија Европа, Африка и Азија во последните две децении убиле повеќе од 570.000 луѓе, пишува BBC.

„Оваа студија треба да им ги отвори очите на политичките лидери кои се држат до фосилните горива, а кои ја загреваат планетата и уништуваат животи. Ако продолжиме да гориме нафта, гас и јаглен, страдањето на луѓето ќе продолжи“, рече Фридерике Ото, коосновач на WWA.

Истражувачите се фокусираа на 10-те најсмртоносни временски настани регистрирани во Меѓународната база на податоци за катастрофи од 2004 година. Најсмртоносниот настан во изминатите две децении беше сушата во 2011 година во Сомалија, во која се смета дека загинаа повеќе од 250.000 луѓе.

Истражувачите открија дека недоволните врнежи што доведоа до сушата беа поекстремни поради климатските промени. На списокот е и топлотниот бран што ја погоди Франција во 2015 година, при што загинаа повеќе од 3.000 луѓе, а истражувачите велат дека високата температура е двојно поверојатна поради климатските промени.

На списокот се и европските топлотни бранови од 2022 година кога загинаа 53.000 луѓе и од 2023 година кога животот го загубија 37.000 луѓе.

Овие настани би биле невозможни без климатските промени, велат научниците во студијата. Се додава дека климатските промени го зголемиле интензитетот на смртоносните тропски циклони, кои го погодија Бангладеш во 2007 година, Мјанмар во 2008 година и Филипините во 2013 година.

„Големиот број смртни случаи што постојано ги гледаме во екстремни временски услови покажува дека не сме добро подготвени за затоплување од 1,3°C, а не, пак, од 1,5°C или 2°C“, рече Руп Синг од Центарот за клима на Црвениот крст и Црвената полумесечина, поддржан од WWA.

Таа рече дека студијата ја покажала потребата сите земји да градат отпорност на климатските промени и предупреди дека рекордните екстремни временски настани ќе се зголемат како што планетата се загрева.

реклама

„Непристоен предлог“ за земјите кои сакаат нивните бродови да поминат низ Ормутскиот Теснец

Read more

Колку минути треба да пешачите дневно за да слабеете после 40-тата година?

Read more

Пет ирански фудбалерки со драматично бегство се спасија од режимот

Read more

Ручек за 20 минути: Паста со пилешко во бел сос

Read more

Свет

Се пребарува морничавиот ранч на Епстин во Ново Мексико, вклучени се и кучиња трагачи

Read more

„Непристоен предлог“ за земјите кои сакаат нивните бродови да поминат низ Ормутскиот Теснец

Read more

Кошта: Русија е единствениот победник во војната на Блискиот Исток

Read more

Ердоган: Нема дa дозволиме да нè вовлечат во војна 

Read more
 

Вести

Се пребарува морничавиот ранч на Епстин во Ново Мексико, вклучени се и кучиња трагачи

Читај повеќе

„Непристоен предлог“ за земјите кои сакаат нивните бродови да поминат низ Ормутскиот Теснец

Читај повеќе

Кошта: Русија е единствениот победник во војната на Блискиот Исток

Читај повеќе

Се подготвува првиот Национален водич за заштита на фертилитетот

Читај повеќе

Туристичка криза поради војната на Блискиот Исток: Кој ќе ќари?

Читај повеќе

Ердоган: Нема дa дозволиме да нè вовлечат во војна 

Читај повеќе

Штипјанец лажно се претставил како полицаец, одзел возило, предизвикал незгода и нападнал полицаец

Читај повеќе

Трамп рече дека војната со Иран е „речиси завршена“, цените на нафтата паѓаат

Читај повеќе

Сончево со температури до 18 степени Целзиусови

Читај повеќе