Студија: Од COVID-19 мозокот може да остари 10 години

Луѓето кои се опоравуваат од последиците од COVID-19 можно е да претрпат сериозно оштетување на мозочните функции, а во најлоши случаи може да се појави штета еквивалентна на нагло стареење на мозокот за десет години, предупредија денеска истражувачите од Кралскиот колеџ во Лондон.

Студијата сè уште не минала рецензија и е спроведена на 84.285 оздравени пациенти од COVID-19.

Истражувачкиот тим е предводен од Адам Хемпшир кој рече дека во некои тешки случаи, COVID-19 предизвикува сериозни когнитивни дефицити во текот на неколку месеци.

„Нашите анализи се совпаѓаат со претходно утврдени факти дека има хронични когнитивни последици како резултат на COVID-19. Луѓето кои се опоравиле, дури и оние кои веќе не пријавуваат дека имаат проблеми, покажаа значителен когнитивен дефицит“, рече тој.

Тестовите за утврдување на можна штета се идентични со оние што се користат за Алцхајмерова болест, така што пациентите кои се опоравуваат од COVID-19 решаваат загатки или се обидуваат да поврзат точки користејќи логика.

Во извештајот на Кралскиот колеџ се наведува дека некои пациенти на возраст меѓу 20 и 70 години, кои имале тешки симптоми, развиле оштетување на мозокот како мозокот да им остарел десет години, без да се прецизира процентот на луѓе на кои тоа им се случило.

Неврологот Џоана Вардлоу, професорка на Универзитетот во Единбург, рече дека засега ќе ги прими резултатите од студијата со доза на резерва.

„Не ги знаевме когнитивните функции на учесниците во студијата пред да заболат од COVID-19, а резултатите не мора да значат дека штетата е трајна. Ова значи дека ‘стареењето’ на мозокот можно е да трае кратко, односно мозокот да се врати во нормална состојба по некое време, вели Вардлоу.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Здравје

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Read more

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more
 

Магазин

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Читај повеќе

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Читај повеќе

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Читај повеќе