Субвенции за санација на постоечки и поставување на нови лифтови во зградите во Карпош

Согласно Програмата за уредување на градежно земјиште за 2025 година, Општина Карпош денеска објави Јавен повик за доделување на финансиска поддршка за поправка и санација на постоечки лифтови и поставување нови лифтови на станбени згради за колективно домување, на своја територија.

Во таа насока, локалната самоуправа ќе субвенционира најмногу до 50%, но не повеќе од 500.000 денари од вкупниот износ на вредноста на поправката и/или санацијата на постоечкиот лифт, како и за поставување на нов лифт.

Оттука, во постапката за поставување на нови лифтови, Заедницата на сопственици е должна да ја обезбеди целокупната потребна документација согласно позитивните законски прописи (проекти, одобренија и сл). Во случајов, Општината обезбедува парични средства за набавка на нов лифт, но не ги покрива и трошоците поврзани со градежните работи (отворање на окно за лифт, отстранување на градежниот отпад и слично).

Право на учество на јавниот повик имаат сите оние коишто се регистрирани како Заедници на сопственици (ЗС) или со заедницата да управува правно лице – Управител (УСЗ), согласно Законот за домување, а субвенциите ќе се доделуваат по принципот прв дојден - прв услужен, до исцрпување на финансиските средства за оваа намена.

Потенцијалните корисници на субвенциите треба целосно да ги исполнат условите и критериумите кои се пропишани во Јавниот повик, што значи дека станбените згради за колективно домување треба да бидат постари од 25 години. Исто така, Заедницата на сопственици/Управителот на станбените згради треба да достави Одлука од сопствениците на станбените единици, дека сопствениците на посебните делови се согласни да се изврши поправка и/или санација на постоечкиот лифт и/или поставување нов лифт. Покрај тоа, сопствениците на посебните делови треба да изразат согласност да учествуваат со сопствени средства за дел од вкупниот износ за поправка и/или санација на постоечки лифт и/или поставување нов лифт, (во прилог кон Одлуката да достават список со потписи од 50% плус 1 (еден) сопственик). Според условите на Јавниот повик, апликантите треба да приложат и имотен лист (не постар од шест месеци), со кој се докажува сопственоста. Во случајов, потребно е да се достави имотен лист за секој стан засебно, со кој ќе се потврди сопственоста на апликантите. Имотните листови да се достават во оригинал или нотарски заверена копија (за 50% плус еден сопственик).

Пријавите треба да се достават до Општина Карпош, преку пошта на адреса: ул. „Радика“ бр. 9 ,1000 Скопје, или во архивата на Општина Карпош, со назнака:

Јавен повик за доделување финансиска поддршка за поправка и санација на постоечки лифтови и поставување нови лифтови на станбени згради за колективното домување во Општина Карпош.

Заинтересираните странки можат да добијат повеќе детали околу условите и потребната документација, на следниве линкови:

Јавен повик

Правилник за лифт

Апликација за лифт.

За дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат на следниве телефонски броеви: 071/350-388 или 076/299-175.

реклама

Во Европа се раѓа ново големо ривалство, стадионите ги дели улица

Read more

Кит проголта и исплука кајакар кај брегот на Чиле: Мислев дека тоа е крајот

Read more

Што ќе се случи ако истурите омекнувач во тоалетот?

Read more

Нарко бос од Македонија уапсен во Швајцарија откако си направил нов македонски идентитет

Read more

Македонија

Груевски: Заев гради кула во Дубаи вредна над 600 милиони евра

Read more

Нарко бос од Македонија уапсен во Швајцарија откако си направил нов македонски идентитет

Read more

Облачно време со температури до 14°C

Read more

Директорот на РЕК Битола осомничен за незаконски избор на јавна набавка

Read more
 

Вести

Airbnb излезе од кризата: Пријави голем скок на приходите

Читај повеќе

Северна Кореја: Америка треба да се откаже од воените закани

Читај повеќе

85 евра дневница за митинзите за поддршка на Вучиќ

Читај повеќе

Груевски: Заев гради кула во Дубаи вредна над 600 милиони евра

Читај повеќе

Велешанка во притвор: Каменувала дете, го удрила со нога во стомакот

Читај повеќе

Нарко бос од Македонија уапсен во Швајцарија откако си направил нов македонски идентитет

Читај повеќе

Облачно време со температури до 14°C

Читај повеќе

Директорот на РЕК Битола осомничен за незаконски избор на јавна набавка

Читај повеќе

Во Кисела Вода утре започнува тримесечна акција за бесплатно собирање на кабаст и електронски отпад

Читај повеќе