СЕРИЈА А 2021/22

Судијата заплака по вчерашниот скандал со Милан, Ибра се покажа како џентлмен

Италијанскиот судија Марко Сера е главна тема на медиумите во земјата, откако донесе скандалозна одлука и го поништи регуларниот гол на Милан во 93. минута.

Вчера фудбалските фанови беа сведоци на несекојдневна ситуација на натпреварот помеѓу Милан и Специја. При резултат 1:1 и големата офанзива на „Росонерите“, Сера го поништи регуларниот гол на домаќините за 2:1.

Сера го врати фаулот за Милан, иако топката веќе стигна до Жуниор Месијас, кој ја погоди мрежата на гостите. Веднаш потоа Специја постигна гол за голема сензација на „Сан Сиро“.

Сепак, тој потег не беше тежок само за навивачите на Милан. Самиот судија Сера покажа колку му е тешко, па им се извини на играчите на теренот, а потоа Судиската комисија на Фудбалскиот сојуз на Италија испрати порака со извинување до Милан.

Corriere della Sera утринава објави дека арбитерот останал во солзи во просториите на „Сан Сиро“ и дека му паднало тешко за тоа што го направил. Исто така, истиот весник тврди дека Златан Ибрахимовиќ му пришол и го тешел и покрај тоа што оставил огромна трага на крајниот исход.

Сепак, тоа е мала утеха за „РосонеритеЕ, кои не успеаја да го искористат резултатот меѓу Аталанта и Интер и да седнат на врвот на табелата во Серија А.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Фудбал

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Read more
 

Спорт

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе