Супер Марио слави 35 години – Дали се чувствувате старо?

Ако сте долгогодишен љубител на видеоигри, а веќе сте на возраст да имате деца, голема е веројатноста дека нема да може да ги играте со вашите деца видеоигрите од вашето детство.

Прво, тешко е да го најдете хардверот за играње, а уште потешко е да ги заинтересирате денешните деца за осумбитни човечиња и конзолите од минатиот век.

Видеоигрите кои во својот оригинален облик преживуваат неколку генерации се исклучително ретки, а Super Mario Bros. е една од игрите која и по 35 години од појавувањето нема изгубено на свежина и подеднакво им е забавна и на носталгичарите и на младите гејмери.

Super Mario Bros. се појави во јапонските продавници во септември 1985 година и засекогаш го смени светот на видеоигрите.

Не е претерување да се каже дека токму водоинсталатерот мустаклија ја спаси гејминг индустријата која по неверојатниот првичен залет за кратко време удри во ѕид и почна да попушта под тежината на хиперпродукцијата, површноста и потпирањето на истрошени идеи.

Марио ја сврти наопаку оваа индустрија, постави нови правила и со време стана поп икона на исто ниво со Мики Маус, заштитно лице на Nintendo и една од најголемите медиумски франшизи на сите времиња. Неговиот творец, јапонскиот гениј Шигеру Мијамото стана спасителот на цела индустрија и човек чиј секој следен чекор се следи со големо внимание.

Remote video URL

Куриозитет за Марио е дека на почетокот, кога се појавил како лик во играта Donkey Kong бил градежен работник чија мисија е да ја спаси девојката од Донки Конг. Дејството се случуваше на градилиште и тоа имаше смисла, а пнатаму цевките станаа составен дел на играта, па Марио стана водоинсталатер.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Гејминг

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Read more

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Read more

Гејмерите имаат можност бесплатно да ја пробаат Cyberpunk 2077

Read more

Не оди сѐ по планот: За GTA VI веројатно уште долго ќе чекаме

Read more
 

Гик

Астронаутите ќе однесат растенија на Месечината во 2026 година

Читај повеќе

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Читај повеќе

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Читај повеќе

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Читај повеќе

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Читај повеќе

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Читај повеќе
  • filter

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Читај повеќе

Драмата продолжува: TikTok под истрага, ѝ се заканува тужба

Читај повеќе