Сурогат мајчинство - низ феминистички леќи

Александра Спасеска
/ 10.05.2021 / 15:12

Сурогат мајчинството е дефинирано како „процес преку кој еден или двајца наменети родители (intended parents)  склучуваат договор со трето лице–сурогат мајката за да обезбедат гестациска грижа и раѓање на дете за себе. “ Жената која се ангажира да го износи детето се нарекува сурогат мајка, понекогаш само „сурогат.“ Зборот води потекло од латински збор кој во својата основа значи „да се замени,“ „да се стави на друго место.“

Пишува: Даниела Антоновска

Во светски рамки процесот на сурогат мајчинство се регулира преку национални закони и склучени договори помеѓу двете страни. Првата страна е сурогат мајката, додека втората-парот или самохраното возрасно лице кои подоцна стануваат родители на детето.  Но, дали може бременоста и целиот процес да се регулира само со национален закон и/или со договор. Во теоријата да, но праксата е непредвидлива. Токму затоа сурогат мајчинството постепено станува една од најконтроверзните теми.

Традиционално и гестациско сурогат мајчинство

Во светот се практикуваат два вида сурогат мајчинство зависно од начинот на создавање на ембрионот, традиционално и гестациско сурогат-мајчинство. Дали детето ќе има генетски сличности и / или генетска врска со идниот родител/и зависи од видот на сурогат-мајчинство. Кај традиционалното сурогат мајчинство кое меѓу другото е наречено и „директно“ или „генетско“,сурогат мајката и таткото-нарачател се генетски родители преку вештачко оплодување. Вториот вид, гестациското сурогат мајчинство вклучува всадување на ембрион во матката на сурогат мајката, создаден од јајце клетките на идните родители. Во овој случај сурогат мајката е само гестациски носител за идните родители и нема генетска врска со бебето.

Алтруистичко и комерцијално сурогат мајчинство

Што се однесува до компензацијата, во светот се познати два вида сурогат мајчинство; алтруистичко сурогат мајчинство, каде не се очекува надомест и комерцијално (компензирано) сурогат мајчинство.  Во алтруистичкиот тип се предвидени само некои директни ,,разумни“  трошоци за нега и здравствена грижа на сурогат мајка. Комерцијалното или компензирано сурогат мајчинство предвидува паричен надоместок за репродуктивната нега на сурогат мајката.

 Низ призма на феминизмот

Во овој случај и во двата вида на сурогат мајчинство низ призма на феминизмот се наметнуваат повеќе прашања: Дали жените на овој начин економски и финансиски се зајакнуваат , ја практицираат својата автономија , право на избор да прават што сакаат со своето тело и своите репродуктивни органи или се целосно комерцијално експлоатирани? Максимата „Мое тело, мој избор“ е добро позната на сите. Дали сурогат мајките и во двата вида на сурогат мајчинство навистина ја практикуваат својата телесна автономија или нивната матка е само „контејнер, инкубатор.“ Кој е тој што одредува кои се разумните трошоци? Дали законодавците, лекарите и/или сурогат мајките и идните родители се тие што ја одредуваат висината на „разумните“ трошоци? Кој контролира дали може да се добијат и дополнителни средства за ангажирањето на сурогат мајката? Дали може  овој вид на сурогат-мајчинство да биде еднаков со неплатена домашна работа и грижа која жените ја извршуваат? Одговорот не е лесен и не постои само еден одговор, како што не постои еден единствен феминистички поглед. Одговорот вклучува неколку компоненти како што се психолошка, емоционална, економска, компонента на еднаквост, динамика на моќ, права на детето, итн.

Различни истражувања во светот укажуваат на тоа дека сурогат мајките се разликуваат во својата мотивација за вклучување во процесот на сурогат мајчинство. Во зависност од нивната социјална и економска позадина, мнозинството жени од земјите во развој и во земјите со голема стапка на сиромаштија и невработеност се вклучуваат во процесот само за економски придобивки. Примарната мотивација е финансиска. Demeny во Мрежите на репродукција : Политика и практики околу сурогат мајчинството, ја посочува мотивацијата и причината на жена од Романија која објавила оглас дека би сакала да биде сурогат мајка за цена од 10.000 евра, наведувајќи притоа дека приходот и е потребен за да го подобри животот на своето семејство. Сурогат мајките во земјите од Јужна Азија, т.е. Индија, Непал, потврдуваат дека „сиромаштијата, недостатокот на економска мобилност и нееднаквостите на глобалниот пазар“ се причини за ангажирање во сурогат мајчинство. Поттикнати од многу ниската социо-економска состојба, жените од земјите со висока стапка на сиромаштија се принудени, да се занимаваат со сурогат мајчинство како начин на заработка, па дури и се поттикнувани од нивните сопружници. Во Индија, мнозинството жени сурогат мајки се сиромашни. Европското женско лоби цитира една ,,студија за сурогат мајки во Индија, која јасно укажува  дека 50% од сурогатите се неписмени и не можат да го прочитаат договорот што го потпишале.’’Нивните избори се толку тесни/ограничени односно тие воопшто немаат избор. Во Мексико многу сурогат мајки се самохрани мајки кои бараат дополнителен приход за издржување на сопствените деца. Во врска со контактот пред да се договори ,,услугата“  постојат различни студии кои укажуваат на тоа дека наменетите /идните родители претходно се сретнале со сурогат мајките, но исто така и студии кои го докажуваат спротивното, односно двете страни воопшто не се познавале и немале никакви првични контакти. Што се однесува до контактите за време на бременоста, различни случаи укажуваат на различна фреквенција на одржување контакти меѓу двете договорни страни, почнувајќи од еднаш неделно до еднаш во три месеци.

Во високо развиените земји како САД и Канада, сурогат мајките се многу внимателно избрани преку сет на критериуми што мора да ги исполнат и преку разгледување на нивните лични и социјални карактеристики. Профилот на сурогат мајките во овие земји е сосема поинаков од оној на сурогат мајките во Индија, Непал, Мексико. Тие пред сѐ мораат да бидат финансиски стабилни. Ауербах (2019) потенцира дека „за да се квалификува како сурогат мајка во САД ,,жената мора да биде финансиски стабилна, а сурогатите имаат силен поттик да им помагаат на другите.“ Некои изјави на жени во Канада кои одлучиле да станат сурогати ја отсликуваат нивната потреба и „можноста да дадат нешто некому кој навистина го сака и посакува тоа, а сам не може да го има поради одредени причини, и тоа е доволна причина велат тие да се чувствуваат дека можат да помогнат на оние на кои им е потребно “, „за мене неописливите моменти на сурогат мајчинство се првите неколку минути откако ќе се породиш. Тие моменти се причина да станам сурогат ‘’ –вели една сурогат мајка од Канада. Но, од друга страна иако е очигледно дека на прв поглед постои разлика помеѓу сурогат мајките ширум светот, сепак, без разлика дали станува збор за алтруистички или комерцијализиран тип на сурогат мајчинство, она што и двете го имаат заедничко е паричната компензација. Износот што претставува разумен трошок за алтруистичко сурогат мајчинство во Канада се претпоставува дека е далеку поголем од износот предвиден како разумен трошок за комерцијално сурогат мајчинство во Индија.

Класните разлики меѓу сурогат мајките во светот се повеќе од евидентни преку погоре наведените примери, но и разликите во динамиката на моќност помеѓу сурогатот и наменетите/идните родители се големи пред сѐ во транснационалното сурогат мајчинство, каде наменетите/идните родители обично доаѓаат од развиените земји, додека сурогатите потекнуваат од земјите во развој.

Феминистичките аргументи за  тргнуваат од основното  верување дека секоја жена има право на целосна телесна автономија, вклучително и репродуктивна автономија. Секоја жена има право да одбере дали ќе има деца, кога, колку и на кој начин. Секоја жена има право да одлучува што ќе прави со сопственото тело. Телесната автономија е клучен принцип при алтруистичкото сурогат мајчинство. Доколку сурогат мајката смета дека може да помогне преку сурогат мајчинството и доколку тоа ја прави среќна и во исто време ги прави среќни и идните родители тогаш нејзиниот избор е само нејзин.

Од друга страна имајќи предвид дека феминистките не се една хомогена група аргументите против можат да се сумираат во следното ,,дека сурогат-мајчинството е слично на трговија со деца’’ или „продажба на бебиња“ продажба односно давање на матката под закуп, експлоатација и комодификација на маргинализираните и ранливите жени од земјите во развој.  Дека договорите кои се склучуваат при сурогат мајчинстово го скратуваат правото на жената на телесна автономија наметнувајќи клаузули кои се многу ограничувачки за сурогат мајките. Одредени феминистки го споредуваат сурогат мајчинството со проституцијата. Овие критики се во многу поголема мера упатени кон  комерцијалните аранжмани за сурогат мајчинство, меѓутоа јасна линија меѓу двата типа не може секогаш да се повлече.

Кога станува збор за наменетите /идните родители и овде од феминистичка гледна точка се потенцира социјалната стигма околу неплодноста во многу земји во светот која  ја зајакнува желбата на паровите и самохраните возрасни да имаат деца. Сараванан истакнува дека „повеќето луѓе кои бараат сурогат-мајка не сакаат деца само за себе, туку и затоа што претрпеле социјална стигма поради бездетство. “Иако стигмата е најчеста за земјите во развој, многу земји во Европа не се имуни на патријархалната матрица што ги регулира и одредува стереотипните улоги на половите. Да се ​​има деца и за мажите и за жените значи „враќање на социјалното прифаќање и достоинство. “Во исто време, тоа значи докажување на мажественоста и женственоста, проширување на потеклото и остварување на вкоренетата биолошка улога на жените. Во многу култури, па дури и во Европа жените првенствено се перцепираат како мајки.

Нема сомнение дека сурогат мајчинството е едно од најконтроверзните прашања. Дали некој сака или не сака да има деца е прашање на личен избор. Ако не се злоупотреби и ако се земат предвид најдобрите интереси на сите вклучени во процесот, тогаш тоа може да биде благороден и човечки гест. Сите потенцијални ризици што можат да се појават треба да се проценат навремено. Секоја активност што вклучува спроведување и принуда треба да биде забранета. Динамиката на моќноста и нерамнотежата на моќта се опасни и секој што треба да биде во процесот треба да биде многу добро информиран и советуван на двете нивоа, правно и психолошко.

Оригиналниот текст можете да го најдете ТУКА.

Даниела Антоновска е магистер по родови студии со 20-годишно работно искуство во областа на родовата еднаквост и женските права во домашни и меѓународни невладини организации. Алумна  на родовите и феминистичките студии на Евро-Балкан Институтот и алумна на Школата за јавни политики Мајка Тереза. Антоновска е членка на одборот на Европското женско лоби во периодот од 2012-2018 година, како и авторка  на две книги, поголем број истражувања, анализи, текстови и колумни на македонски и на англиски јазик.

реклама

Ќерката на Кетрин Зита-Џонс и Мајкл Даглас порасна во убавица

Read more

Младите Уругвајци го освоија Светското првенство, Италија не шутна на гол

Read more

Тошковски најави награди за вработените во полиција ако помогнат во надминување на кризата со издавање на лични документи

Read more
Времеплов: 150 години од Стоунхеџ

Времеплов: 150 години од Стоунхеџ

Read more

Живот

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе