Сузбиена криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога и оружје

Полицијата денеска постапувајќи по наредби за претреси во дом и други простории издадени од судија за претходна постапка, изврши претреси на вкупно 20 локации, при што од слобода се лишени и во полициски станици се приведени лицата Б.А. (22), Б.А. (19), М.А. (47)), Б.А. (23), С.Ј. (22), Е.Б. (27), З.М. (33), Љ.А. (30), Ш.А. (35), Р. А. (33) (полициски службеник), А.А. (26) и Е.С. (24), сите од Скопје, а се трага по уште три лица кои бие дел од групата.

Фото: МВР

При лишувањето од слобода и при извршените претреси, информираат од МВР, на повеќе локации се пронајдени и одземени наркотична дрога, муниција, два пиштоли, патнички моторни возила, од кои едно блиндирано, поголема сума на девизни и денарски парични средства, мобилни телефони, компјутерска опрема.

Лицата со соодветна кривична пријава ќе бидат предадени на надлежното јавно обвинителство.

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Одделот за специјални полициски операции, под раководство на надлежен јавен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, по повеќемесечно криминалистичко истражување денеска спроведе координирана полициска акција со цел сузбивање на повеќечлена организирана криминална група составена од лица од Скопје.

Фото: МВР

Членовите на оваа организирана криминална група, појаснуваат од МВР, подолг временски период биле инволвирани во вршење на кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ предвидено и казниво по член 215 и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи” предвидено и казниво по член 396 од Кривичен законик.

Во текот на истрагата, се посочува, во неколку различни случаи документирани се продажби на наркотична дрога и оружје.

Remote video URL
реклама

Откритие што менува сѐ: Човечки стапалки стари 23.000 години најдени во Ново Мексико

Read more

Го „уби“ Куман со поглед - младиот Пуиг ги освои фановите на Барса

Read more

Како за 5 секунди да откриете дали месото е свежо?

Read more

Филипче: Од средината на октомври нова мерка - ќе може да функционираат само целосно вакцинирани граѓани

Read more

Хроника

Скопјанка осомничена за шест тешки кражби

Read more

Притворена лекарка од Куманово за примање поткуп

Read more

Македонски полицајци со службен автомобил пренеле дрога преку граница, не знаеле што носат

Read more

Во Липково откриени 52 илегални мигранти од африкански и азиски земји

Read more
 

Вести

Активни 12.207 случаи, повик невакцинираните да се вакцинираат

Читај повеќе

Сончево и топло до 32 степена

Читај повеќе

На локалните избори ќе може да гласаат 1.824.864 граѓани, ДИК вечерва го заклучи Избирачкиот список

Читај повеќе

Бајден: Пандемијата на невакцинираните мора да престане, тие ја загрозуваат економијата

Читај повеќе

Евростат: Англискиот е најчесто изучуван јазик во ЕУ, следуваат шпански, француски и германски

Читај повеќе

Холандската полиција приведе деветмина кои подготовувале терористички напад

Читај повеќе

Во Албанија во последната декада емигрирале половина од граѓаните со високо образование

Читај повеќе

Дневен ковид-биланс: 525 новозаразени и 12 починати

Читај повеќе
  • play_arrow

Филипче: Од средината на октомври нова мерка - ќе може да функционираат само целосно вакцинирани граѓани

Читај повеќе