Свечена салата со пилешко и домати за раскошна и декоративна трпеза

Ова е само една од многуте идеи за свечена салата која можете да ја сервирате на вашата трпеза за претсојните презници, имендени или слави.

Периодот на зимски празници полека доаѓа, почнува и еуфоријата на домаќините за изгледот на празничната трпеза, ако е верски празник дали треба посни јадења итн. Ние ви предлагаме свечена салата со пилешо и домати. Подготовката нема да ви одземе многу време, а најдобро од сѐ е што можете веднаш да ја сервирате. Одлично оди со главно јадење, но и со предјадење како на пример проја, пити, ролати или сувомеснато мезе.

Потребни состојки:

  • 300 гр пилешко филе
  • 2 домата
  • 2 варени јајца
  • 100 гр мајонез
  • 100 гр рендан кашкавал
  • 1 праз
  • сол

Подготовка:

Пилешкото филе сварете го па исечкајте го на ситни коцки. Исечкајте го и празот и сварените јајца, исто така и доматите на кои треба да им го извадите средишниот дел бидејќи е полн со вода. Длабок сад обложете со проѕирна фолија, па прво ставете рендан кашкавал. Пропрскајте со мајонез па ставете пола од сечканите домати и пола од празот. Посолете. Повторно ставете малку мајонез, па ставете половина од пилешкото и прелијте со мајонез. Потоа половина од јајцата и повторно мајонез. Повторете ја постапката уште еднаш со сите слоеви: кашкавал, домати, праз, пилешко, јајца. Чинијата за сервирање ставете ја како капак и внимателно превртете ја салата. Извадете го длабокиот сад, остранете ја фолијата, одозгора украсете со праз и домати и вашата свечена салата е подготвена за сервирање.

Или едноставно следете ги инструкциите на видеото, иако е на полски од постапките се разбира колку е едноставно:

Remote video URL
реклама

Олово, кадмиум и арсен се пронајдени во домат и крставица на македонскиот пазар

Read more

Протече нов нацрт договор од СЗО:„Светот мора да се подготви за нова уште посмртоносна пандемија“

Read more

Трагична несреќа кај Штип со три загинати лица

Read more

Цели семејства од Македонија одат на сезонска работа во Хрватска

Read more

Рецепти

Шненокле - едноставен десерт со 5 состојки што ги имате дома

Read more

Идеја за ручек: Пилешко со 4 сирења

Read more

Палента со сос од печурки - супер предлог за ручек

Read more
Зачинето пилешко со црвен пипер

Зачинето пилешко со црвен пипер

Read more
 

Магазин

Правна држава е ова

Читај повеќе

Мечка влегла во пекара, ги исплашила вработените и изела 60 колачи

Читај повеќе

Шненокле - едноставен десерт со 5 состојки што ги имате дома

Читај повеќе

Соборен интересен рекорд: Flight Radar објави колку авиони имало на небото во еден ден

Читај повеќе
  • play_arrow

Некој меѓу нас не е наш...

Читај повеќе

Зошто мажот не се одлучува на брак, иако е заљубен?

Читај повеќе

Секое лето различен цвет: Трик за хортензиите магично да менуваат боја

Читај повеќе

Храна што ќе ви помогне да го стопите салото на стомакот

Читај повеќе

3 најпресметливи хороскопски знаци: Калкулираат за сѐ и имаат скриени намери

Читај повеќе