Сведок за „Ласкарци“: Мислев дека сака да претекнува, но од прозорецот видов дека нема автомобил

Скопје, 11 ноември 2019 (МИА) – Пред да излета од патот автобусот нагло заврте кон лево и мислев дека сака да претекнува, но од прозорецот видов дека нема автомобил на десната страна, изјави сведок што бил патник во автобусот на Дурмо турс на денешното рочиште за автобуската несреќата кај Ласкарци.

Сведокот Бејтула Нухиу, кој седел во трет ред од страната на совозачот до прозорецот, рече дека по наплатната рампа кај Глумово сѐ било најнормално.

– Кога се случи нагло движење на лево мислев дека сака да преткнува автобусот. Тогаш погледнав од прозорецот дека од моја десна страна нема кола. Тогаш станав и го видов возачот како го држи воланот, изјави сведокот.

Кажа дека тогаш целиот автобус како да се тресел, но дека тој не почувствувал намалување на брзината.

– Јас од 2011 година се возам со Дурмо турс и спремен бев ако треба да се доближам до возачот да реагирам. Мислев ако му се слошило барем да го држам воланот. Но, немаше време, изјави сведокот.

По несреќата, сведокот кажа дека го видел возачот како седи надвор, но дека ништо не зборувал и не одговарал.

Прашан дали дал изјава за медиуми по несреќата, сведокот кажа дека дал изјава на албански јазик само за една телевизија.

– Таа изјава за ТВ Клан е за да ме видат сите дека сум добро. Знам дека изразив сочувство за загинатите и кажав дека автобусот сврте нагло на лево и излета од патот. Апсолутно не сум кажал дека сум станал и сум се борел со воланот. Тоа не сум го кажал, јас кажав дека психички бев спремен да одам и да помогнам. Тоа е чиста шпекулација, изјави сведокот.

Сведокот кажа дека имал апликација за GPS регистрирање на движењето, што ја дал со телефонот на форензика по несреќата.

Судскиот процес го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Дарко Јакимовски.

За автобуската несреќа што се случи на 13 февруари годинава кај селото Ласкарци, во која загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени обвинети се шест лица.

Сопственикот на Дурмо турс, Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во формата Ремзи Мифтари и возачот на автобусот Маноел Трифуновски се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски за соучество во истото дело.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Read more

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе