Светски ден на театарот

Скопје, 27 април 2019 (МИА) – Со читање на националните и светската порака за театарската уметност, денеска во театрите низ светот се одбележува Светскиот ден на театарот – 27 Март.

Годинава, светската порака за театарот ја испраќа театарскиот режисер и драмски автор Карлос Селдран според кого театарската традиција е хоризонтална и никој не може да потврди дека театарот живее во било кој центар од светот, во било кој град или привилегирана зграда. Театарот, вели Селдран, се шири низ една невидлива географија.

„Кога сфатив дека театарот е држава сама за себе, голема територија која го покрива целиот свет, во мене се роди една решителност која исто така беше и едно остварување на слободата: ти не мораш да одиш некаде далеку, ниту пак да се поместиш оттаму каде што си, не мораш ниту да трчаш, ниту пак да се придвижиш. Публиката е онаму каде што живееш ти. Ги имаш на своја страна колегите кои што ти се потребни. Таму, надвор од куќата, ја имаш целата таа матна, непробојна дневна реалност. Потоа, ти работиш од таа очигледна неподвижност за да го формираш најголемото патување воопшто, да ја повториш Одисејата, патувањето на Аргонаутите; ти си неподвижен патник кој не прекинува да ја забрзува густината и ригидноста на својот реален свет. Твоето патување е пат кон мигот, кон моментот, кон неповторливата средба пред твоите врсници. Твоето патување е кон нив, кон нивното срце, кон нивната субјективност. Ти патуваш во нив самите, во нивните емоции, во нивните сеќавања кои те будат и те мобилизираат“, истакнува Селдран во пораката.

Македонската порака ја испраќа драмскиот автор Југослав Петровски кој оценува дека театарот се уште не е мртов, но оти од ден на ден полека умира бидејќи недостига катарзата.

„Најдобра театарска претстава е онаа претстава што на крајот, секој од гледачите, дома, во себе, ќе си понесе сосема поинаков „петти елемент“. Што би значело дека најдобра претстава е онаа кога секој дома ќе си замине со потполно различна, само своја катарза, само свој ‘петти елемент’“, порачува Петровски во својата порака.

Иницијативата за одбележување на 27 март како Светски ден на театарот е од Интернационалниот театарски институт – ИТИ на УНЕСКО во јуни 1961 година.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе