Светски ден на здравјето - поддршка на медицинските сестри и акушерки

Годинашното мото на Светскиот ден на здравјето е „Поддршка на медицинските сестри и акушерки“. Во светот медицинските сестри и акушерки чинат 50 проценти од вкупниот број на здравствени работници. Од вкупно 43,5 милиони здравствени работници, се проценува дека 20,7 милиони се медицински сестри и акушерки. Во земјава околу 7.500 медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри се дел од здравствениот персонал.

– Медицинските сестри и другите здравствени работници се во првите редови во справувањето со коронавирусот и во обезбедувањето третман и грижа за пациентите. Светскиот ден на здравјето ќе го потенцира сегашниот статус на медицинските сестри низ целиот свет. Светската здравствена организација и нејзините партнери ќе дадат серија препораки за подобрување на нивните услови за работа, стои во пораката на СЗО.

Унијата на Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“ им го честита 7 април - Денот на здравјето на сите здравствени работници во земјава и ја нуди својата помош онаму каде што е потребна во услови кога државата се соочува со коронавирусот.

– Во овие несекојдневни моменти кога хуманоста, несебичноста и пожртвуваноста на медицинскиот персонал е на највисоко ниво, сакаме да изразиме огромна балгодарност до персоналот на Инфективната клиника во Скопје, Одделите за инфективни болести во Куманово, Дебар….. ЈЗУ ГОБ 8 Септември - Скопје и секаде каде медицинските сестри се во првите борбени редови против коронавирусот. Во името на Унијата и здружението „За нас“ сакаме да упатиме поддршка и помош секаде каде е потребна, на начин на којшто сите вие може да ни се посветувате. Ве замолуваме да нѐ контактирате за сѐ она за кое сметате дека можеме да помогнеме, се вели во обраќањето до јавноста.

реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе