Хорхе Мартин, актуелниот светски шампион во Мото ГП, ќе ја пропушти првата трка сезонава во Тајланд. Според вестите од Шпанија, возачот на Априлија ја повредил левата рака на тренинг и треба да биде опериран во вторник.
Тоа значи дека дефинитивно нема да биде во Бурирам, а од опоравувањето зависи кога ќе се врати на патеката за да се бори за бодови. За инцидентот се огласи и Априлија, тимот во кој Мартин дојде од Дукати на почетокот на оваа сезона.
„Хорхе ја повреди раката и операцијата ќе биде извршена во Барселона. Дефинитивно ќе ја пропушти трката во Тајланд. Ќе го замени Лоренцо Салвадори“, објави Априлија.
Трката на патеката „Чанг“ во Бурирам е в недела во 15 часот. Новата сезона во Мото ГП шампионатот ќе биде рекордна по бројот на трки, со 22 на календарот, бидејќи се враќаат ГН на Чешка и Унгарија.