Во шестата епизода од „Кујната на Марио“ се крчка вкусно свинско ребро.
Марио е вегетаријанец, но како готвач мора да подготвува и јадења со месо. Овој пат нѐ води низ приготвувањето на вистински специјалитет и тоа свинско ребро со јаболка.
Ова не е брз рецепт кој можете да го спремите веднаш, туку се подготвува од денес за утре. Но, вреди чекањето.
Потребни состојки:
- 300 гр свинско ребро
- малку целер
- малку сајдер
- неколку парчиња јаболко
- 1 чешне лук
- 1 главица кромид
- сол
- бибер