Свирепо убиена грузиска трансродова манекенка, осомничен е дечкото

Познатата грузиска трансродова манекенка Кесарија Абрамиџе (37) беше убиена еден ден откако Владата на Грузија усвои закон со кој се наметнуваат строги ограничувања за ЛГБТК+ луѓето.

37-годишната Абрамиџе била пронајдена со повеќе убодни рани во нејзиниот стан во Тбилиси. Во раните утрински часови вчера еден маж беше уапсен на меѓународниот аеродром во Кутаиси, во врска со нејзината смрт. Мажот е идентификуван како 26-годишното момче на Абрамиџе, Бека Џајани.

Џајани, наводно, ја убил Абрамиџе по расправија. Снимката од надзорните камери го фатила како ја напушта зградата во која живеела манекенката, вечерта на нејзината смрт.

Според многубројните извештаи, Џајани се вознемирил поради фотографијата од нив двајцата што Абрамиџе ја објавила и со тоа јавно ја обзнанила нивната врска, неколку часа пред убиството. Џајани, кој работел како обезбедување во локален ноќен клуб, сакал врската да остане во тајност.

Абрамиџе беше најпозната по тоа што го освои петтото место на Miss Trans Star International 2018, освојувајќи ја наградата за популарност. Нејзината смрт се истражува како „убиство со умисла извршено со особена суровост и отежнувачки околности на родова основа“.

Контроверзниот анти-ЛГБТИК+ закон во ГРУЗИЈА

Абрамиџе беше една од првите транс личности во земјата што јавно проговори за трансродовоста и правата на трансродовите луѓе.

Нејзиното убиство се случи еден ден по усвојувањето на контроверзниот закон за „семејни вредности и заштита на малолетниците“, кој овозможува забрана за паради на гордоста и цензурирање на филмови и книги.

Дополнително, гореспоменатиот закон забранува истополови бракови и афирмација на родот. Ова најверојатно ќе биде уште една точка на спор меѓу Грузија и Европската Унија додека земјата се обидува да се приклучи на Унијата.

Критичарите тврдат дека законот кој летово го претстави владејачката партија „Грузиски сон“ е копија на законот што е донесен во соседна Русија, пишува Guardian.

реклама

Свет

Двајца загинаа откако брод потона во Црното Море, Зеленски тврди дека бил погоден од руски дронови

Read more

Учениците во ЕУ сè послаби во математика, читање и природни науки

Read more

Нема веќе вештачка интелигенција: Трамп го забрани терминот AI и формираше Сили за суперинтелигенција

Read more

ЕУ даде зелено светло за центри за депортација во трети земји: Како тоа ќе изгледа во пракса?

Read more

Вести

Двајца загинаа откако брод потона во Црното Море, Зеленски тврди дека бил погоден од руски дронови

Читај повеќе

Учениците во ЕУ сè послаби во математика, читање и природни науки

Читај повеќе

Нема веќе вештачка интелигенција: Трамп го забрани терминот AI и формираше Сили за суперинтелигенција

Читај повеќе
  • filter

Поранешниот симбол на Триглав е пред исчезнување: Последниот глечер во Словенија речиси исчезна

Читај повеќе

Гаши формираше Совет на поранешни претседатели на Собранието

Читај повеќе

Нови пронајдоци на локалитетот Расница: Откриено богато војничко погребување од VI век

Читај повеќе

Оперативна акција Чистач: 5.628 уапсени и 1.158 претреси во борбата против насилниот криминал, трговијата со дрога и прекуграничниот криминал

Читај повеќе

Левица: Коцкарниците на народот му ја земаат платата, брзите кредити иднината – 1,6 милијарди евра завршиле во коцкарската индустрија

Читај повеќе

BALFIN Group – над 52 милиони евра платени даноци во првите 6 месеци од 2026 година

Читај повеќе